• Latest

Два македонски тима во конкуренција за глобална награда на НАСА

October 15, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Два македонски тима во конкуренција за глобална награда на НАСА

October 15, 2020 09:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Два македонски тима составени од девет девојки и момчиња на возраст од 15 до 19 години ќе не претставуваат на светскиот натпревар за иновации за Земјата и Вселената – NASA Space Apps Challenge во организација на вселенската агенција NASA и ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред врвни експерти.

Двата победнички тима интензивно работеа и по завршувањето на домашното издание и во текот на изминатава недела дополнително ги унапредија своите решенија со поддршка на менторите. Тие се сега во трка за една од шесте глобални награди од NASA со можност да добијат покана за посета на Kennedy Space Центарот во Флорида и да присуствуваат на полетување на ракета во текот на 2021 година.

Изминатиот викенд Скопје беше дел од најголемиот хакатон во светот, NASA Space Apps Challenge на кој земаа учество над 25.000 учесници од 200 виртуелни локации на пет континенти. Во земјава натпреварот привлече 120 учесници кои развиваа вештини за иновативно решавање на сегашни и идни предизвици.

На виртуелната церемонија за прогласување на најдобрите обраќање имаше Лук Захнер, канцелар за односи со јавност на Амбасадата на САД во земјава, а ексклузивно предавање за учесниците одржа Николас Скајтланд, заемник шеф на NASA за технолошки истражувања. За време на церемонијата им беа доделени трофеите и наградите за прво место на членовите на тимот AtomZ составен од Матеј Милосиевски (16), Орхан Багашов (17), Андреја Поповиќ (17) и Тео Китановски (15), сите од Средното училиште Јахја Кемал, за Второ место на членовите на тимот EXCEL-erators составен од Јана Мајнова (18) од гимназијата Јосип Броз, Никола Лазаревски (19) и Бисера Петроска (19) од Факултетот
ФИНКИ, Никола Индовски (19) од Факултетот ФЕИТ и Бојана Стефаноска (18) од Универзитет во Нова Горица.

Наградата People’s Choice (избор на публиката) му припадна на тимот MySystems од Гостивар составен од членовите: Седеф Ќамили (19), Исра Азизи (18) и Мустафа Ести (19). За најдобар ментор за време на натпреварот самите учесници го избраа Александар Бојковски од компанијата Symphony Solutions.

Првопласираниот тим работеше на развивање на поиновативна верзија на алат кој веќе го користат астронаутите на Меѓународната вселенската станица, од причина што актуелната верзија има повеќе проблеми и досега предизвикала и оштетувања на станицата. Притоа требаше да ги земат во предвид специфичните надворешни и внатрешни влијанија, како и карактеристиките на различните видови на материјали. Одлуката на глобалната жири комисија ќе биде позната околу Нова година.

Во рамките на главниот настан, по 6-ти пат се организираше и натпревар за најмладите NASA Kids & Youth Space Challenge за сите на возраст од 4 до 14 години, со можност поискусните да се натпреваруваат на таканаречени “Младински предизвици” и да влезат во конкуренција со повозрасните. Кај помладите исто така беа прогласени едно прво и едно второ место, а третото место го делеа дури три дечиња меѓу кои и Дејан Зафиров, 5то одделение во основното училиште Ванчо Прке од Штип, за деца со посебни потреби кој со помош на неговата учителка Светлана Трнинкова изработи маска-планета.

Организаторите на најмалите им доделија и две специјални награди Young Space Brainiac и Rocketry Wizard. Сите учесниците имаа можност да разговараат со ексклузивни говорници од NASA, JPL, Google, Blue Origin и MIT кои со нив ги споделија своите искуства и знаења, а нивното виртуелно гостување на хекатонот го овозможи тимот на Њуменс Бизнис Акцелераторот.

Настанот е во организација на Њуменс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, а традиционално е поддржан од страна на Амбасадата на САД во Скопје. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ