Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање за евентуално постоење на „План Б“, доколку до декември не се започне со преговори за членство во ЕУ, изјави дека таков план не е разработуван, и не постои.
-Во моето скромно политичко искуство како претседател на Владата никогаш не сме разработувале „План Б“, затоа што тогаш би значело дека се откажуваме од „Планот А“, рече Заев.
– Не сакам да разговарам за план Б, мора да успееме, нагласи Заев по извршената обиколка на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.
Според него, единствена опција е со почитување и взаемно разбирање да се изнајдат решенија. – Јас верувам дека постојат решенија и за овие прашања, коишто се сегашен предизвик, потенцира премиерот.
Тој изјави дека верува оти македонско-бугарската Мешовита комисијата за историски прашање ќе успее да најде решение, откако, како што рече, вчера имале „убав позитивен ден“.
– Ние сме многу мал регион, меѓусебно сме историски поврзани и верувам дека ќе бидеме паметни, таа заедничка историја од минатото да не прави поголеми пријатели, а не да не разделува, додаде Заев.
Тој потенцира дека има доволно време да се разгледаат и другите отворени политички прашања, со цел на вземно задволство да продолжат процесите на евроинтрегација на земјава со одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ во декември
– Реков дека не треба да ја ислучиме можноста дека оваа нема да успее, но истовремено реков и дека ќе направиме се за да можеме да изнајдеме решение. Нашиот народ, целиот македонски народ е позитивен кон бугарскиот народ, и бугарскиот народ е позитивен кон макеоднскиот народ. Верувам дека (бугарскиот) премиер Борисов сака да продолжи да помага на процесите на интеграцијата на Западниот Балкан, но и на Северна Македонија во Европската Унија и во тоа светло ќе ги изнајдеме решенијата. Верувам претстои период на објавување на позитивни информации. Јас сум непоправлив оптимист, а низ оптимизмот и позитивното гедање, гледам и можност за успеси, истакна Заев
Според него, ако го немаше Гоце Делчев ќе требаше да го измислиме, за да биде мост за пријателство меѓу двете земји.
– Верувам дека ќе бидеме Европејци и со европски дух ќе можеме да најдеме мудри решенија за да можеме заедно да си помагаме и да одиме напред, потенцира премиерот Заев.