• Latest

Јавна покана за интервју со господин Христијан Мицкоски (прв дел)

October 23, 2020
Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ го усвои најновиот извештај за Албанија, упати итен повик за реформи; Мира Мурати меѓу 50-те најмоќни жени во светот; Данска ќе испраќа затвореници во Косово во 2027 година

June 4, 2025
Фото: U.S. Navy photo by Chief Mass Communication Specialist Joseph R. Vincent - commons.wikimedia.org

Хегсет нареди преименување на бродот именуван по иконата на геј правата Харви Милк

June 4, 2025
фото: Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Герасимовски: „Комунална хигиена“ нема капацитет, спремаме кривични пријави за нечистењето на сметот

June 4, 2025

„Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

June 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на NEWS 18

Затворени центрите за помош во Газа откако Израел предупреди дека патиштата до локациите се „борбени зони“

June 4, 2025
Дарен Бити зборува со присутните на Студентскиот самит за акција во 2020 година, организиран од Turning Point USA во Конгресниот центар на округот Палм Бич во Вест Палм Бич, Флорида. Фото: Wikimedia commons / Gage Skidmore

Функционерот на Трамп кој ја затвори агенцијата за борба против дезинформации има тесни врски со Кремљ

June 4, 2025

Почина младо момче од кумановско Доброшане откако со мотор удрил во бетонски столб

June 4, 2025
Граничен премин Рафа, Египет: Камиони со хуманитарна помош за Газа

Уницеф: Газа треба да прима до 600 камиони со помош дневно – наместо да се примаат 600 кутии

June 4, 2025

МВР: Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk

June 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Јавна покана за интервју со господин Христијан Мицкоски (прв дел)

October 23, 2020 09:32
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Почитуван г. Мицкоски,

Во изминатите години се обратив повеќе пати до Вас и до Вашиот претходник, со љубезна молба да одговорите на повеќе актуелни прашања поврзани со Вашата партија и со нејзините политики, изјави и постапки. Обраќањата до Вас беа за нијанса почести отколку во претходниот период. Но Вашите портпароли не одговараат, Вие не одговарате. Со исклучок на Вашиот Министер г. Наќе Чулев и своевремено, Вашата министерка г-ѓа Гордана Јанкулоска, не сте ми одговориле на ниедно прашање како политичка партија повеќе од една и пол деценија, ако не ги сметаме и оние што сега се во Ваша политичка немилост.

Да не се разбереме погрешно, комуникацијата со Вашата партија под раководство на г. Љубчо Георгиевски беше мошне коректна и редовна, и кога бевте во опозиција во 90-те, и кога бевте на власт 1998-2002.

Затоа, уште еднаш, јавно Ве поканувам на интервју во било кој формат, во кое ќе дадете одговор на повеќе прашања од јавен интерес, а чиј број се наталожи. Јавноста заслужува одговори. Во случај овие прашања да не допрат до Вас (како и претходно), јас, паралелно со мејлот испратен на електронската адреса [email protected], ќе ги објавам, па кога ќе имате време, одговорете ги. Доколку се појави потреба од нови прашања, ќе Ви ги доставам дополнително. Да започнеме:

Во Вашите обраќања до јавноста често користите неколку изрази за кои би сакале да добиеме појаснување.

Велите дека во Северна Македонија се спроведува „политички прогон“. Што, според Вас, е „политички прогон“? Против кого поточно се спроведува тој прогон за кој зборувате Вие? Дали ако некој е член на Вашата партија и ако изврши кривично дело, санкциите против тоа лице се „политички прогон“ или спроведување на законите? Дали правите разлика, господине Мицкоски?

Често го употребувате и изразот „немоќта на власта“. Во што се состои таа „немоќ на власта“?

Што за вас претставува „чиста и јасна правда“ со која се заканувате од говорницата на Вашата партија? Кој ќе ја спроведе таа и таквата правда?

Вашите често повторувани зборови „Македонскиот народ ќе ги казни“ може да се протолкуваат како закана со улична правда и линч. Дали на тоа мислите? Како народот „ќе ги казни“ луѓето од актуелната власт или било кој друг, ако не со крв, насилство, уништување и убиства? Впрочем, многупати Вашите активисти се користат и со тие, подиректни изрази.

Во контекст на претходното прашање, сведоци сме дека поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, а неретко и истакнати членови на партијата, објавуваат екстремен говор на омраза на социјалните мрежи, вклучувајќи повици за етничко чистење, стрелање, бесење, колење, силување… Таа омраза е упатена како кон припадниците на одделни етнички заедници, така и во кон политичките неистомисленици. Што сте преземале до сега во врска со говорот на омразата кој произлегува од редовите на Вашата партија? Каков е планот на ВМРО-ДПМНЕ за сопирање на говорот на омразата што доаѓа од Вашите поддржувачи и членови? Имате ли некоја порака за своите поддржувачи во врска со говорот на омразата кон другите етнички заедници и кон политичките неистомисленици? Дали партијата ќе упати повик за смирување на страстите и коректна комуникација во јавноста и дали ќе соработува со институциите за да се санкционира говорот на омразата?

Велите дека протестирате против насилството. Против кое насилство протестирате? Дали протестирате против насилството на 27 април 2017 година? Дали протестирате против насилството и за време на ваши протести во минатото, кога биле нападнати и новинарски екипи и се повикувало на екстремно насилство?

Каков е Вашиот став кон епидемијата од Ковид-19? Кои конкретни решенија за надминување на здравствената криза ги предлагате? Да Ве потсетиме, Вие и претставници на Вашата партија често ги кршат мерките за заштита од Ковид-19. Постои ли, според Вас, пандемија од Ковид-19 или се работи за измислица?

Како дојде до тоа толку да се разликуваат Вашето и гледиштето на д-р Вело Марковски од Вашата партија? Тој практично вели дека Ковид-19 не постои, а Вие барате многу поригидни мерки за заштита од кога и да е, а притоа ги кршите мерките за заштита (случаите „Кафана“, „Теретана“, митинзи, поздравување со деца…). Се слушате ли меѓу себе?

Протестирате против цените на струјата со поворки од луксузни автомобили на бензин и дизел. Има ли некаква порака во тоа?

Кога сме веќе кај струјата, Вие му бевте советник за енергетика на Груевски, а воедно имавте и водевте бизниси со хидроцентрали во кои имавте сопственички удел. Во тоа време, цената на струјата скокна околу 100%, беше укината евтината тарифа, а постојат индиции и за сомнителни извозно-увозни зделки. Со кој кредибилитет мислите дека можете да протестирате за зголемените цени на струјата, особено затоа што протестите ги организирате со луксузни автомобили, а не со луѓе, како што тоа легитимно го прават неколку невладини организации и граѓански иницијативи? Која беше Вашата улога во креирањето и спроведувањето на економските политики на Груевски? Како и со колку пари успеавте да влезете во бизнисот со хидроцентралите? Од каде ви се тие пари? Колку пари заработивте од хидроцентралите? Кои други бизниси се во сопственост на семејството Мицкоски?

Што мислите за г. Никола Груевски? Дали навистина сте сѐ уште под негова контрола и ги извршувате неговите наредби, како што тврдат во СДСМ?

Дали ќе протестирате ако г. Груевски се врати во Северна Македонија и биде спроведен во затворот во Идризово на издржување казна затвор? Зошто?

Изгубивте во изборни процеси на сите нивоа: локални, претседателски и парламентарни и уште сте на чело на партијата. Нормално ли е тоа?

Кога велите македонски народ, дали мислите на Македонците во етничка смисла на зборот или мислите на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија? Можете ли да ни образложите повеќе за Вашето сфаќање на поимите „народ“ и „нација“? Во тој контекст, кому му припаѓа македонската држава? Кое е Вашето убедување: Дали јас и Вие сме еднакви? На пример, можам ли јас, како некој што не е етнички Македонец, да одлучувам за суштински прашања како што се меѓународните и меѓусоседските односи исто колку и Вие, како етнички Македонец?

Кој ви ги пишува говорите и одговорите на новинарските прашања?

(продолжува утре)

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share42Tweet26Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ