• Latest

Заев: Северна Македонија и САД ја потврдија соработката за безбедност на 5G технологии

October 24, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Северна Македонија и САД ја потврдија соработката за безбедност на 5G технологии

October 24, 2020 11:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на Соединетите Американски Држави Кеит Крач, вчера потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии.

По потпишувањето на меморандумот, премерот Заев и Потсекретарот Крач, се осврнаа на важноста од потпишувањето на овој мемораднум, особено што Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ и со оние на Соединетите Американски држави.
Како што истакна премиерот Заев, со меморандумот, Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со спроведувањето на 5G технологијата која е во согласност со нашиот Национален оперативен бродбенд план, што го усвоивме минатата година како наш стратешки документ за новата ера на дигитализација на земјата.
„Имајќи ги предвид предностите на безжична комуникација од 5G генерацијата, овој меморандум за соработка е од витално значење за идниот просперитет на нашата земја од економски аспект, како и за националната безбедност. 5G ќе овозможи огромна низа нови апликации, вклучително и обезбедување клучни услуги за јавноста, што ќе им користат на нашите граѓани и на нашата економија. Зголемените количини на податоци дополнително ќе ги поврзат економиите во светот, вклучително и Северна Македонија и САД и ќе ги олеснат прекуграничните услуги и трговија“, изјави премиерот Заев.
Северна Македонија и САД ја нагласија важноста за поттикнување учество на релевантни и доверливи мрежни добавувачи на хардвер и софтвер на 5G пазарите, земајќи ги предвид проценките за ризик и промовираат рамки кои ефикасно ги штитат 5G мрежите од неовластен пристап на трети страни.
Потсекретарот Крач се осврна на соработката со Северна Македонија, како важен стратешки партнер. Особено сега, кога со овој меморандум Северна Македонија како дел од НАТО Алијансата, се приклучува и на групата од 27 земји членки на НАТО, кои се дел од „Чиста мрежа“ (Clean Network).
Како што рече тој,  овој меморандум ги адресира ризиците и ги зема во предвид безбедните интернет мрежи кои се од витално знаење за националната безбедност, економскиот просперитет и стабилност во регионот.
„Заедно, ние ја контролираме нашата 5G иднина и можеме да обезбедиме безбедна и сигурна иднина за начите граѓани. Овој меморандум пред се е за довербата, и не само како симбол на силната доверба помеѓу двете земји, но и со сите други држави кои со помош на  безбедните мрежи се посветени на борбата помеѓу слободата и авторитаризмот“, заклучи потсекретарот Крач.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ