• Latest

Османи: Ќе се допрецизират одредени прашања од Договорот со Бугарија

October 26, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Ќе се допрецизират одредени прашања од Договорот со Бугарија

October 26, 2020 11:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Работни групи од Северна Македонија и Бугарија на дневна основа работат на надминување на разликите на двете земји во однос на примената на Договорот за добрососедство“, изјави денеска министерот за надворашени работи Бујар Османи потврдувајќи дека се подготвува дополнителен анекс на овој документ.

Османи истакна дека за време на неговата посета на Софија било разговарано за разликите од очекувањата и различните интерпретации на одредени решенија од Договорот и како да се олеснат одредени решенија.

„Констатиравме дека имаме разлики во нашите очекувања во однос на тоа колку досега тој Договор дал резултат во однос на прашањето за кое што беше наменет односно потпишан. И тука ги отворивме сите прашања и се договоривме да формираме работни групи, од двете министерства кои на дневна основа ќе разговараат во однос на овие разлики во очекувањата, различните интерпретации на одредени решенија, како да се олеснат одредени загрижености на едната или на другата страна од некои решенија. Како што е на пример новото кратко име, ако кратко име предизвикува одредена загриженост во Република Бугарија дека некој тоа може да го интерпретира како територијална претензија на историскиот регион Македонија, мислам дека ние немаме проблем да направиме дополнително објаснување до бугарската страна дека новото име е во употреба како и долгото така и краткото, меѓутоа и краткото и долгото претставуваат иста територија а тоа е Републиа Северна Македонија“, изјави Османи.

Според него, нема никаква дилема дека треба да се разрешат и да се допрецизират одредени прашања, како и на нашата обврска за немешање во внатрешните прашања на соседните држави.

Во однос на историските прашања, шефот на дипломатијата рече дека би сакал да ги охрабри Комисиите на двете земји што побрзо да дојдат до одредени решенија кои ќе дадат нова диманика во односите меѓу двете земји со поглед кон иднината, а не кон минатото.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ