• Latest

Измените на Законот за заштита од заразни болести утре на собраниска седница

October 26, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Измените на Законот за заштита од заразни болести утре на собраниска седница

October 26, 2020 14:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се најдат на 19. собраниска седница закажана за утре, додека за ребалансот на Буџетот најверојатно ќе биде закажана нова седница на 29 октомври, бидејќи тој се уште не е вратен од Владата. Неделната динамика на работата на Собранието е утврдена на денешниот редовен понеделнички состанок на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Парламентот Талат Џафери, пренесува МИА.

Освен измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, на дневен ред на утрешната седница се очекува да биде и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Доколку денеска собраниската Комисија за финансирање и буџет на седницата закажана за 15 часот донесе предлог-одлука за одржување на надзорна расправа за случувањата со Еуростандард банка, и оваа точка би можело да најде на дневен ред на утрешната седница, како и неколку други.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повторуваат ставот дека ќе присуствуваат на седницата, но оти ќе гласаат воздржани за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски, кој најави оставка на функцијата, се уште не ја доставил во Собранието, но се очекува тоа да го стори денеска. На неговото пратеничко место, според информации од пратеничката група ќе биде Мирче Аџиоски од Струга.

Пратеничката група на СДСМ на утрешната седница, според најавите, ќе биде комплетна бидејќи се очекува во Скопје да дојде и Лазе Танески, кој беше во изолација од Ковид -19.

Нема информации дали и пратеникот на ДУИ кој исто така имаше коронавирус ќе биде на седницата, но од Собранието посочуваат дека и да не дојдат на седница, нема да има проблем за одлучување.

Во Собранието е стасан и предлогот на Судскиот совет, Добрила Кацарска да биде нов уставен судија. Доколку Комисијата за прашања изборите и именувањата одржи седница пред одржувањето на пленарката закажана за утре за 11:00 часот, од Собранието велат дека и нејзиниот избор, но и некои други би можеле да се најдат пред пратениците.

Засега, официјално на собраниската веб-страна за утрешната 19. седница на предложениот дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за инспекцијата на труд, на Законот за инвалидски организации, и двата по скратена постапка, како и измените на Законот за жичари и ски-лифтови и измените и дополнувањата на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, во прво читање.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ