• Latest

Приватизација на Македонски пошти: Што се чекаше до сега?

October 27, 2020
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Приватизација на Македонски пошти: Што се чекаше до сега?

October 27, 2020 12:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕРО НАУМОВСКИ

Дали да се приватизира или да се бара стратешки партнер за ЈП Македонски пошти ? Се разбира дека одговорот е да. Зошто се чекаше до сега? Требаше да поминат 20 години конечно да сфатиме дека државата не е способна ефикасно да управува не само со ова туку и со други  ЈП во државна сопственост. Или можеби тоа ни беше јасно и до сега но во прашање биле други  лукративни цели? Не сакам да верувам  дека некој во државата имал такви намери.

Но, да се вратиме на почетокот. После осамостојувањето наследивме ЈП ПТТ чија дејност беше давање на поштенски , телеграфски и телефонски услуги и беше единствен државен монопол. Потоа единственото ЈП се подели на две компании ,  ЈП Македонски телеком и ЈП Македонски пошти. Македонскиот телеком се продаде за солидна цена на мултинационалната компанија Дојче Телеком која од тоа ЈП  направи профитабилна компанија која ги следи современите техничко-технолошки трендови во таа област и работи профитабилно и секоја година го полни  буџетот од данок на добивка и придонеси и дел од профитот како дивиденда како дел од сопственичката структура. Имаше таа приватизација и одредени слабости но поучени од тоа искуство сега не би требало истите да ни се повторат .

Во владата на Владо Бучковски се отвори процесот на приватизација на ЈП Македонски пошти и сериозно се преговараше со Канадски пошти за преземање. Македонската влада ги прекина преговорите со образложение дека коалициониот партнер ДПА ( читај Мендух Тачи) не се согласува со приватизација на ова ЈП. Тоа беше голема грешка. Канаѓаните толку се навредија што ја затворија канадската амбасада во Скопје. Каде стигна ова ЈП од тогаш до денес гледаме. Каде е сега Македонски телеком исто така гледаме.

ЈП Македонски пошти има голема превработеност, легло е на партиски непотизам , технолошки и организационо е застарено и како резултат на тоа работи нерентабилно и секоја година огромни загуби кои на крајот ќе паднат на товар на даночните обврзници. А замислете како ќе изгледаше сега ова ЈП ако успешно се реализираше оваа приватизација со Канадски пошти. Или замислете само како резултат на таа приватизација да ги немаше овие големи проблеми што ги предизвика банкротот на Еуростандард банка и последиците што произлегоа од тој банкрот врз илјадниците корисници на пензии кои пензијата ја подигаа преку шалтерите на Македонски пошти а исто така и големите проблеми со кои се соочуваат сега вработените на ова ЈП. И тоа се во овие ужасни услови на пандемија.

Значи да за трансформација на сопственоста на ЈП Македонски пошти со цел ова ЈП да работи профитабилно и да го подигне квалитетот на услугите кои ги дава на своите корисници. Како да се направи тоа на транспарентен и успешен начин а да не предизвика сомневања во јавноста  од почетокот на текстов. Еве некои предлози:

1.Процесот на барање стратешки партнер владата да го отстапи на професионална стручна меѓународна компанија со голем рејтинг . Има такви на западот кои успешно би го реализирале овој процес.

2.Во договорот со стратешкиот партнер државата да ги заштити максимално своите интереси а особено да ги заштити правата на вработените

3.Средствата кои ќе се добијат од продажбата државата однапред да објави за кои намени ќе ги користи (инфрастуктурни потреби , здравство , пензиски фонд и др.)

4.Во договорот да се предвидат средства, кои во текот на траење на истиот, стратешкиот партнер  ќе се обврзе да ги инвестира во нови технологии со што ќе се подобрат услугите на корисниците.

Што се однесува до монополската положба ,не се согласувам со таа констатација, затоа што поштенскиот сообраќај во земјава е либерализиран а условите за работа се под контрола на регулаторното тело кое ги регулира условите на работа на економските оператори кои ја обавуваат оваа дејност.

Не се согласувам со професорката Најчевска дека се работи за природен ресурс. Не може да биде природен ресурс пружањето на поштенски услуги. Се работи за дејност која е како и секоја друга која на пазарот нуди одредени услуги , во овој случај поштенски. Поголем природен ресурс може слободно да каже дека се наоѓа во банкарскиот сектор во земјава. Се работи за вкупните заштеди на граѓаните со кои управуваат сопствениците на банките кои со исклучок на една голема и две помали банки ,сите останати  се од странство.

Приватизацијата на некои ЈП како ЕСМ и ЈП Аеродроми и покрај одредени критики сепак се покажаа како успешни и позитивно влијаат на вкупниот развој на економијата во земјата.

Македонија покажа најдобро на дело дека државата е лош и неспособен бизнисмен, ние сепак се определивме за пазарна економија, а единствен критериум за успешно и ефикасно работење се евтини и квалитетни услуги, задоволни корисници и рентабилност во работењето.


Авторот е магистер по економски науки од областа на деловните финансии.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ