• Latest

Почна собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

October 29, 2020

Ердоган: Со Трамп постигнавме заедничко разбирање за примирје во Газа

September 26, 2025

Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците

September 26, 2025
Фото: МИА

Кандидатите за градоначалници и носителите на листи во Гостивар потпишаа Кодекс за фер избори, Левица бојкотира

September 26, 2025
Фото: Собрание

Гаши: Придонесот на Бошњаците е клучен за развојот на мултиетничкото општество

September 26, 2025
Говор на Нетанјаху во ОН. Фото: Скриншот, видео Јутјуб, АП

(ВИДЕО) Говорот на Нетанјаху во ОН дочекан со масовно напуштање на салата

September 26, 2025

Шекеринска од Сараево порача дека НАТО нема да дозволи безбедносен вакум во БиХ

September 26, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: Злоупотребата на деца во изборните кампањи мора да престане, апелира ЦИВИЛ; Од денес, полицијата може да ве казни со 40 евра ако поминувате улица со телефон и слушалки; Претседателката прво да си го замете дворот дома

September 26, 2025

Стапи на сила забраната за користење мобилини телефони и слушалки на пешачки

September 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на
DRM News

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон Њујоршката декларација со која се осудува руската агресијата врз Украина

September 26, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српски дронови над територијата на Косово; Бериша бара оставка од Рама поради објавени снимки за средба со трговци со дрога

September 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Почна собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

October 29, 2020 16:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Собранието ја почна распоравата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, кој ги содржи и амандманите  од комисиската расправа. Согласно Деловникот расправата трае пет работни дена, пренесува МИА.

Предлогот пред пратениците го образложува министерот за финансии Фатмир Бесими.
-Денеска пред вас се наоѓа документ, на кој чекаат многу засегнати граѓани и фирми да се усвои. Ефектуирањето на четвртиот пакет антикризни мерки зависи од усвојување на овој ребаланс. Со него се обезбедуваат средства за реализација на мерките од четвртиот пакет, рече Бесими.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со предходните измени и дополнувања на Буџетот истите беа планирани на ниво пониско за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари или за 5,5 отсто, односно за околу 13 милијарди денари повисоки во однос на иницијалниот Буџет за 2020 година (пред КОВИД кризата).

Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,5 милијарди денари, односно 8,5 отсто од БДП.

 Со ребалансот се предвидени 4,3 милијарди денари за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор со надоместок во интервалот од 14,500 до 21,776 денари,во компании кои имаат поголем пад на приходите како последица на пандемијата, 1,6 милијарди денари за финансиска поддршка за ранливи категории погодени од COVID-19 за плаќање на домашни производи и услуги кај погодениите сектори, 412 милиони денари за Поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња,  9,8 милиони денари за Поддршка на дејноста туристички водич,регистрирани како самостојни вршители на дејност,  120 милиони денари за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања,  66,85 милиони денари поврат за Викенд без ДДВ,  799 милиони денари за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка, со што се нуди дополнителна можност за полесен пристап до финансиски средства за поддршка на приватниот сектор, преку преземање на дел од кредитниот ризик и  330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 19,1 милијарди денари или за 0,5 милијарди денари пониски во однос на планот за 2020 година, а се резултат на забавени економски активности, пролонгирање на инвестициони вложувања заради изборните дејствија,  како и мерки за воздржување од набавки на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19.

По скратена постапка на оваа седница се законски решенија од Министерството за финансии кои се во насока на реализација на мерките од четвриот пакет.

На дневен ред се  Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

На дневен ред е и Предлог на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација во прво читање, Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка, Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлог за престанок на функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, Предлог за избор на судија на Уставен суд на Република Северна Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за приватно обезбедување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се симнат од дневен ред законските решенија кои се предложени по скратена постапка а не се поврзани со коронакризата, како и предлогот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол.

-Работата на Парламентот почнува со лоша пракса да се поднесуваат закони со скратена постапка. Барам да се повлечат законите за пензиско, за АРМ, за задолжувањето, за спорот со Макпетрол и да се пуштат во редовна постапка за да може да дискутираме.Ако не ни се дозволи да имаме можност да дискутираме нема да бидеме тука за кворум, рече Николовски, кој додаде дека тоа не се однесува на законите по скратена постапка поврзани со корона-кризата.

Беше побарано од дневен ред да се симне и предлогот судијката Добрила Кацарска да стане судија во Уставниот суд, што исто така не беше прифатено.

Собранието пред почетокот на расправата за ребалансот ратификуваше повеќе протоколи и договори.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ