• Latest
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Од прекршување мерки до барање за контра Комисија за заразни болести: ВМРО-ДПМНЕ на страна на короната и против јавното здравје

October 29, 2020

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од прекршување мерки до барање за контра Комисија за заразни болести: ВМРО-ДПМНЕ на страна на короната и против јавното здравје

October 29, 2020 17:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНИСЛАВ ЃОРЃЕВСКИ

Од денот кога за првпат беше прогласена вонредна состојба заради поефикасно справување со коронавирусот, во време без собраниски состав и со Влада по „пржински модел“ ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски со неодговорно однесување застана на страна на коронавирусот и спротивно на здравјето на граѓаните.

Додека државата се соочуваше  со првите удари од коронавирусот, додека сите се соочуваа со првите непознаници околу тоа што би се случувало, Мицкоски наместо конструктивност, поита да шири паника во јавноста. Јавно, на телевизиско гостување, изјави дека во државата немало доволно тестови, односно уште одвај сто теста за коронавирусот, со што внесе вознемиреност во јавноста.

Но, времето ќе покаже дека конструктивноста што граѓаните ја очекуваа од Мицкоски тој ја разбира на поинаков начин. Оспорувајќи ги капацитетите на здравствените власти, Мицкоски „без срам и перде“ понуди доктори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои би помогнале во справување со кризата, небаре докторите членови на ВМРО-ДПМНЕ работат во паралелен здравствен систем, а не во македонското јавно здравство.

И додека поради заштита од ширење на вирусот се затворија угостителско-туристички објекти, фитнес центри, шопинг-молови, во јавноста се појавија снимки како Мицкоски влегува во теретана која во тој период не смее да работи. И како тоа да не беше доволно Мицкоски беше „жив фатен“ како седи во затворен дел од ресторан кој исто така не смееше да работи, при тоа правејќи се дека не ги разбрал протоколите кои секојдневно ги критикуваше, патем ангажирајќи ги сите структури на Наќе Чулев да се обидат да му го исперат срамот.

Истиот тој Чулев, најверојатно по налог на Мицкоски јавно излезе и кажа дека полицијата нема да ги казнува граѓаните кои не ги почитуваат мерките и забраните, охрабрувајќи ја јавноста масовно да ги прекршува протоколите за заштита.

За деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ да биде што поголема, се погрижи уште еден кадар на Мицкоски во тогашната преодна Влада. Гордана Кочовска Димитриеска од позиција на заменик дополнителна министерка за финансии, свесно го блокираше заемот од Светска банка од 90 милиони евра. Најмалку 33 милиони од нив, беа наменети за унапредување на центрите за интензивна нега со цел подобра подготвеност на јавното здравство за есенскиот бран на коронавирусот.

Дури и поразот на парламентарните избори и казната од граѓаните не ги освестија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека се на спротивната страна на интересите на граѓаните и нивното здравје. Напротив, неполн месец по изборите, тие започнаа да органзираат масовни собири и таканаречени протести на кои масовно се кршеа мерките за задолжително носење маска и држење дистанца.

Последниот во низата примери за несериозното и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ се нивните барања за создавање нова паралелна или контра Комисија за заразни болести составена и со претставници од нивната партија.

Наместо ефикасни, брзи измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, ВМРО-ДПМНЕ со денови го блокираше овој Закон условувајќи го расформирање на Комисијата за заразни болести (постојано тело во Министерството за здравство) и создавање на нова паралелна Комисија во која најверојатно би бил вклучен и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски човекот кој велеше дека вирусот не е опасен, дека пандемијата ќе заврши за еден месец и слични ставови преку кои внесува конфузија меѓу граѓаните.

Една изрека вели колку си внимателен за другите, толку си повеќе внимателен за себеси. Како тргнале Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту се грижат за своето, а уште помалку за здравјето на другите, ним се им е низ призма на политички поени, низ призма на промили личен и партиски рејтинг. Но и во тој есап се далеку од математички прецизни, целосно несвесни дека деструкцијата што ја предизвикуваат е општа, но штетата од неа е само нивна.

извор: Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ