поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Од долгогодишното искуство е познато дека, не пет, туку и пеДесет дена во Собранието да трае дебатата за буџетот предложен од Владата, нема да претрпи ни минимална или никаква промена.
Дури и бокс меч меѓу пратениците да се случи, како што во минатото еднаш и се случи меѓу пратениците на ДУИ и ДПА, буџетот ќе остане ист.
*
Просечната плата математички може да расте и во случај кога без работа повеќе остануваат тие со пониски плати од просекот.
*
Народите на Западниот Балкан, од ЕУ, НАТО и САД очекуваат, не само да ги бранат од влијанието на Русија, Кина и Турција, што е и нивен интерес, туку да помогнат да се спасат и од своите корумпирани политичари.