• Latest

Заев: Посилен регион преку напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес

November 2, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Посилен регион преку напредната регионална соработка во рамки на Берлинскиот процес

November 2, 2020 12:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, преку интернет конференциска врска, денеска учествуваше на регионалниот форум за млади лидери, во организација на Европското движење во Србија од Нови Сад, кој беше посветен на регионалната економска соработка со посебен осврт на решенија за поврзување на државите во услови на пандемија.

На дебатата учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

„Во услови на криза нашите држави работат и сме во постојана комуникација помеѓу себе. Координираните одговори на најголемите предизвици кои се исправија пред нас донесоа и придобивки. Ја зајакнавме постоечката соработка, покажавме висок степен на солидарност и капацитет на носење одлуки за граѓаните на нашите земји. Младите мора да бидат дел од овие процеси. Потребна ни е нивната креативност, потребна ни е нивната енергија и капацитет да ги согледуваат пречките како можности, затоа што во нив ги полагаме сите надежи дека ќе успеат да ги финишираат сите интеграциски процеси кои сме ги отпочнале пред неколку декади“, истакна Заев.

Заев истакна дека образованието и зголемувањето на компетенциите на младите се клучни за понатамошен напредок.

„Сведоци сме на зголемена миграција и на нејзе треба да гледаме како двонасочна улица. Сакаме и создаваме можности за оние кои заминале да се вратат, да може во својата држава да ги користат новите вештини кои ги научиле. Слободното движење на луѓе е цивилизациска придобивка која треба да ја негуваме постојано“, додадеЗаев.

На дебатата се разговараше и се презентираа заедничките заклучоци кои тројцата лидери ги дискутираа на трилатералната средба минатиот петок во рамките на обновената иницијатива за регионална соработка.

Оваа година Северна Македонија заедно со Бугарија ко-претседава со Берлинскиот процес, чиј самит следува следната недела. Градиме соработка преку која ги разговараме, унапредуваме и конечно се обединуваме околу позициите каде што имаме заеднички интерес како регион во рамките на Берлинскиот процес, беше заедничката порака до младите од страна на Вучиќ, Рама и Заев.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека регионот може да биде значаен фактор само со соработка, бидејќи само заедно може да се надминат сите предизвици, вклучително и актуелната пандемија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ во говорот на видео панелот во рамките на 5-от регионален форум на млади лидери на тема „Поврзување во време на пандемија: закани и можности“, на кој учествуваат и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и на Албанија Еди Рама, истакна дека сите наши земји се премали и дека само преку соработка и поврзување можат да постигнат значителни резултати во економијата и градењето на иднината.

Во врска со ова, тој потсети дека на последниот состанок на е постигнат договор за здравствената соработка во борбата против ковид 19, изразувајќи надеж дека истиот ќе биде постигнат пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

„Тој договор ќе им овозможи на граѓаните на Србија, Албанија и Северна Македонија да патуваат без ПЦР-тест, верувајќи им на здравствените власти на земјите. Тоа исто така значи и взаемна помош, меѓу другото, и на можноста граѓаните на Северна Македонија и Албанија да ги користат нашите болници за лекување, што ќе не направи многу посилни“, објасни Вучиќ, додавајќи дека соработката вклучува и размена на медицинска опрема и сè друго што е потребно во борбата против Ковид 19.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ