• Latest

Заев за „CorD“: Целта ни е европеизација на Северна Македонија со активирање на брзата лента на преговорите

November 3, 2020

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев за „CorD“: Целта ни е европеизација на Северна Македонија со активирање на брзата лента на преговорите

November 3, 2020 09:34
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Наша цел во овој мандат е да донесеме целосна трансформација и европеизација на Република Северна Македонија. Нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда, а оптимизмот за стабилен политички период доаѓа од остварувањето во претходниот мандат, во кој покажавме дека може да се обезбеди повисок економски раст, кој создава нови работни места, да обезбедиме повисоки плати, да се постигне историски најниска невработеност, а минималната плата да се зголеми за дури 60 проценти, од 9.000 денари на 14.500 денари за нецели три години“, истакнува премиерот Зоран Заев во интервју за магазинот „CorD“, одговарајќи на прашањето, од каде го црпи неговиот оптимизам за најавата дека нашата земја ја очекува стабилен политички период.

Заев нагласува дека заокружувањето на амбициозниот концепт за продолжување на започнатите позитивни и храбри политики за адаптирање на економијата во новото време е дополнителен мотив за членовите на Владата да работат двојно повеќе, не само за совладување на здравствената криза предизвикана од КОВИД-19, туку и за враќање на претходните стапки на раст.

„Имаме план за иновативна, стабилна, конкурентна македонска економија, подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој. Во таква економија, платите ќе продолжат да растат.  За време на кризата се обврзуваме да ја задржиме минималната плата на висина од 14.500 денари. По завршувањето на кризата, Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40 проценти и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30 проценти, во зависност од должината и влијанието на коронакризата врз светската и домашната економија“, додава Заев во интервјуто, оценувајќи дека целта на Владата е до крајот на четиригодишниот  мандат да се постигне солиден и одржлив раст од 4 отсто.

Во врска со очекувањата за отворањето на преговорите за пристапување во Европската Унија и подготвеноста на државата за оваа реалност, Заев истакна дека нивната намера е да ја активираат брзата лента на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда.

„Што се однесува до нашата страна, нема да дозволиме причини за нови одлагања. За нас е прифатлив новиот принцип за реверзибилност на процесот доколку се случи деградација на демократскиот амбиент во нашата земја, но, нагласувам, наша свечена обврска е да не го дозволиме тоа во име на иднината на државата и граѓаните“, вели Заев.

Заев додава оти се надева дека дискусијата за преговарачката рамка во Брисел ќе има успешна завршница на Советот за општи прашања, односно на ГАК, на 10 ноември, по што ќе биде реално да очекуваме одржување на првата Меѓувладина конференција во декември.

„Ние сме на пат од кој нема враќање. Потрошивме премногу време на конфликти наместо на решавање на истите. Придобивките на нашата работа ги чувствуваат сегашните и ќе продолжат да ги живеат следните генерации. Со секој чекор, со секое отворено поглавје во преговорите со ЕУ, со секој решен проблем, работиме да го подобриме квалитетот на сите граѓани“, истакна Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ