• Latest

Арсовски: По 6.000 денари ќе добијат 283.000 наши сограѓани кои се најмногу погодени од кризата

November 4, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Арсовски: По 6.000 денари ќе добијат 283.000 наши сограѓани кои се најмногу погодени од кризата

November 4, 2020 14:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ребалансот на буџетот ја помина собраниската процедура и го отвори патот за спроведување на мерките од четвриот пакет мерки. Дел од мерките може веднаш да се реализираат, за дел ќе треба, и покрај носењето на ребалнсот, да се чекаат законските решенија со кои се уредени, а кои, исто така, се во собраниска процедура.

„Пренасочени се финансиски средства во справувањето со здравствената криза за да се обезбедат на време вакцини, лекови и за зајакнување на здравствените капацитети, 470 милиони евра се издвоени за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за економско заздравување и одржливост на домашната економија и за зачувување на работните места. Обезбедени се 54 милиони денари награда за здравствените работници кои се на првата линија во справувањето со пандемијата. Седумдесет милиони евра за субвенционирање на плати за 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември. По 6.000 денари ќе добијат 283.000 наши сограѓани кои се најмногу погодени од кризата“, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на денешната прес конференција.

Арсовски во однос на вчерашната владина седница истакна дека била разгледана информацијата во врска со регулирање на боледување на вработени лица заболени од КОВИД-19, како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза.

„На вчерашната седница беше разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од КОВИД-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, врз основа на која беше донесен заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од КОВИД-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано  дека се заболени од КОВИД-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување  согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради КОВИД-19 да изнесува 100 проценти од основицата за надоместок на плата“, соопшти Арсовски.

Арсовски се задржа и на утврдените предлог-закони за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, кој има за цел да ги уреди законските решенија во функција на поддршка на обврзниците во справувањето со последиците од коронавирусот КОВИД-19 и зголемување на нивната ликвидност, како и предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, кој предвидува ослободување од обврската за плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година, со што ќе се придонесе за подобрување на ликвидноста на обврзниците на данокот на личен доход по основ на остварен доход од самостојна дејност и полесно справување со последиците од ширењето на коронавирусот КОВИД-19, во насока на имплементирање на донесените мерки од Пакетот 4 на Владата за справување со последиците од кризата со КОВИД-19. Исто така е усвоен и Предлог-закон со кој се обезбедува мерката за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, по скратена постапка, со кој се уредува начинот на распределување на финансиската поддршка на корисниците на истата преку постоечка трансакциска сметка или новоотворена трансакциска сметка во банка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ