Хашим Тачи поднесува оставка од функцијата претседател на Републиката. Одлука следува по соопштување на обвинението од Хаг.
Тачи изјави дека обвинението на Специјалното обвинителство во Хаг е потврдено и против него и дека доброволно ќе оди во Хаг. Претходно утрово, истото го потврди и Кадри Весели, лидер на Демократската партија на Косово и поранешен претседател на косовското собрание.
Апелирам до политичарите да не се собираат и да протестираат. Ви благодарам за довербата што ми ја дадовте. Ова не е збогување, туку збогум. Ќе се видиме повторно, ќе се видиме со светол образ, Господ да го благослови Косово и народот “, изјави Тачи.
На местото на Тачи доаѓа претседателката на косовскиот парламент, Вјоса Османи.
Д.Т.











