„СДСМ и институциите што ги предводи и пред пандемијата со коронавирусот, започна со реализација на реформа на здравствениот систем, за унапредување на условите за работа на здравството и обезбедување подобри услуги за граѓаните“, изјави на денешната прес конференција Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.
„Покачувањата на платите во здравството продолжуваат. Веќе во следната година следува покачување на платите за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, преку зголемување од 10 отсто секоја година. Истовремено со покачување на платите во здравството за 4 до 5 пати се зголемени коефициентите за дежурства на здравствените работници, а за 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија“, додаде Зеќири.












