• Latest

Пендаровски: Демократијата не може да опстане доколку не вложуваме во едуцирање за демократските процедури и вредности

November 7, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Демократијата не може да опстане доколку не вложуваме во едуцирање за демократските процедури и вредности

November 7, 2020 15:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во хотелот „Хилтон“ во Скопје се одржа инаугуративен настан на Претседателскиот центар за политичко образование, еден од клучните проекти во изборната програма на претседателот Стево Пендаровски, кој се реализира во насока на заложбите за јакнење на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност.

На настанот, свое обраќање имаше претседателот Пендаровски, на кое претходеше официјално потпишување на меморандум за соработка помеѓу Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и партнерските фондации и организации: фондацијата „Фридрих Еберт“ за Северна Македонија, Меѓународниот републикански институт (ИРИ), фондацијата „МК2025“, фондацијата „Конрад Аденауер”, фондацијата за демократија на Вестминстер во Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ).

„Македонското општество се одликува со висока конфликтност и со поделби по повеќе основи. Легитимните политички разлики, како суштински елементи на политичкиот плурализам, наместо да бидат основа за отворен и конструктивен политички дијалог, за жал, станаа причина за длабока нетрпеливост и пречка за соработка меѓу политичките субјекти во исполнување дури и на нашите клучни државни приоритети. Во изминатите три децении од независноста минавме низ бројни политички кризи. На почетокот, причината беше недостатокот на базично политичко искуство и потребата да научиме како функционира демократијата.

Но, во изминатата деценија, по 20 години демократско искуство, ни се случи толку силна поларизација која државата ја доведе до работ на граѓански конфликт. Партизацијата на институциите, приватизацијата на јавниот интерес, дискриминацијата наместо прифаќањето на различностите, особено во тие години, беа нашата реалност која негативно влијаеше врз развојот на државата и ги уништуваше перспективите за пристоен живот на нашите граѓани. И денес, за жал, голем број истражувања покажуваат изразени тенденции кон авторитарни политички ставови кај значаен дел од младата генерација. Таквото назадување во демократскиот развој е очекувана последица од перманентната криза на политичките институции и ниското ниво на доверба на граѓаните во нив.

Да се живее во демократски политички поредок е привилегија која сè уште е недостапна за милијарди луѓе во светот. Но, демократијата не може да опстане доколку не вложуваме во изградбата на демократска свест, во едуцирање за демократските процедури и вредности, и во граѓанската толеранција и помирување. Одамна е познато дека најисплатливата долгорочна инвестиција во едно општество е инвестирањето во образованието. За да имаме стабилна демократија, за да имаме идни генерации на демократи, мораме да вложуваме во образованието кое е втемелено во демократските вредности. Токму таа потреба ме поттикна да започнам една ваква иницијатива за која искрено се надевам дека во следниот период ќе добие поширока општествена поддршка“, изјави Пендаровски.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ