• Latest

За нас вето, а Србија со историјата за „Стара Србија“ си тера преговори со ЕУ – додека Бугарија молчи?

November 7, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За нас вето, а Србија со историјата за „Стара Србија“ си тера преговори со ЕУ – додека Бугарија молчи?

November 7, 2020 15:14
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Тезите на Бугарија за „бугарските корени“ на македонскиот народ и јазик, за тоа дека Македонците и Македонија се „вештачка творба на Коминтерната“, дека историјата и јазикот на Македонците се „србизирани“, дека Бугарите ја „ослободувале“ а не ја окупирале Македонија…не се ништо ново.

И во минатото, и сега, тие тези, тотално неевропски и нецивилизациски, биле секогаш дел од официјалните позициии на Софија, но и на поголем дел од бугарското општество. Овојпат, за жал тие тези, се артикулираат преку вето, со кое Бугарија, од позиција на моќ, има намера да го спречи започнувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ за полноправно членство.

Но, она што е најинтересно, драги мои, е дека за цело тоа време, Србија, која во очите на бугарската историја, јавност и политика е главниот виновник за „србизирањето“ на Македонија и Македонците, си почна и си тера преговори со ЕУ, и тоа со историја, во која Македонците и Македонија се дел од „Стара Србија“ и „стари Срби“, а не стари Бугари? А од Бугарија, за целото време додека траат преговорите на ЕУ со Србија, нема ниту една забелешка за тоа?!

Се разбира дека нема. Оти, едно е да се закачаш со малата Македонија, а сосем друго со Србија. Не само поради бројките, големината, туку и поради геостратешките позиции и моќните пријатели што ги има во ЕУ и кои ја донесоа во канцдидатската позиција, прогледувајќи и низ прсти за блиското крваво минато и војни.

Затоа, сосем е јасно дека ова џилитење на Бугарија нема врска со некакви принципиелни позиции, туку е магла за внатрешна употреба, која треба да ги зајакне разнишаните позиции на владејачките партии пред претстојните избори, токму преку едно од „омилените“ прашања за бугарската јавност и политика.

Но, стои и фактот дека историјата во сите балкански земји е етноцентрична, има национал-романтичен тон, и е честопати ретуширана и искривувана за да произведе национална консолидација, дел од што секогаш е и прозводството на соодветни „надворешни непријатели“. Сите балкански земји треба да излезат од тој филм, да се угледаат на Европа и како таа ги надминала овие пречки меѓу своите први членки, пред повеќе од половина век.

Да не заборавиме: на тоа европско соочување со реалноста му претходеа крвави војни. Балканот само што излезе од еден таков вител. За да не дојде до такви разврски повторно, на регионот му треба разговор и договор, на рамноправни, партнерски позиции, и потрага по тоа што обединува, а не тоа што разделува.  Само така ќе дојдеме до подобра перспектива за сите во овој дел на континентот – ако го ослободиме минатото и гледаме кон иднината.

А и Европа, треба да се освести и да се запраша – дали сè уште ги претставува вредностите поради кои е создадена? Дали е Европа таков клуб, каде послините и поголемите ги малтретираат помалите, каде не се почитуваат елементарни човекови права, каде се гази по нечија етничка припадност, јазик, достоинство? Па зошто би посакал било кој нормален да биде дел од такво друштво?

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ