• Latest

ДКСК: Функцијата ВД директор ако е подолго од законската можност носи ризик од политичко влијание

November 9, 2020

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДКСК: Функцијата ВД директор ако е подолго од законската можност носи ризик од политичко влијание

November 9, 2020 16:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Именувањето на функцијата ВД директор одредени институции не го кориситат за да се надмине некоја времена состојба туку се користи како да е редовен начин за постапување на директор. Ова е заклучокот на Антикорупциската комисија за кој денеска на прес-конференција информираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, како и за останатите предметите по кои комисијата постапувала, пренесува МИА.

Ивановска појаснува дека институциите во отсуство на почитување на материјалните закони за избори на директори по пат на конкурс и обезбедување фер конкуренција, го применуваат начинот на работа кој со години се гради во нашето општество кој остава простор за постоење висок ризик од политичко влијание што доведува до разградување на системот на вредности на професионализмот, а и до преселување на квалитетен кадар во кој вложувала државата.

-Сведоци сме дека едно лице по шест-седум пати се поставува за ВД директор и не се почитуваат материјалните закони. Комисијата порачува и препорачува сите институции да си ги спроведуваат материјалните закони, а Собранието на Република Северна Македонија да го донесе законот за висока раководна служба, истакна Ивановк

Антикорупциската комисија по сопствена иницијатива го отворила и анализирала предметот „1 денар м2“ кој се однесува на објавениот тендер за изработка на ДУП-ови во општина Центар.

По донесена Одлука за набавка на услуги за изработување на детални урбанистички планови за потребите на општината, во декември 2017 година, била спроведена постапка за Јавна набавка со користење на отворена постапка. Постапката била спроведена согласно Законот, потоа била спроведена Е-аукција која траела два часа и 20 минути. На крајот од Е-аукцијата најповолна понуда поднел економскиот оператор Билд Урбан ДООЕЛ Скопје, во износ од 1 (еден) денар за м2.

-Поради висината на цената, Комисијата за јавни набавки до економскиот оператор доставила Барање за појаснување на невообичаено ниска цена. Од страна на Билд Урбан ДООЕЛ Скопје доставено е Појаснување во кое се дадени аргументи за таквото постапување и понудената цена. Појаснувањето е разгледано од страна на Комисијата за јавни набавки и оценето е како прифатливо, по што е доделен договор за јавна набавка на економскиот оператор ДТУ Билд Урбан ДООЕЛ Скопје во вкупна вредност од 1 денар. Со анализа на тендерската постапка не констатиравме слабости во спроведување на постапката спротивни на Законот за јавни набавки, но за одбележување е дека во поединечниот договор за јавна набавка на економскиот оператор Билд Урбан ДООЕЛ Скопје предвидени се одредби со кои потребно е економскиот оператор да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 10 проценти од вкупната вредност на услугите предмет на истиот. Исто така предвидена е договорна казна во износ од 10 проценти од вкупната договорена цена на услугите предмет на единечниот договор за секој ден задоцнување, ако услугите не се завршат во предвидениот рок, која не може да надмине 5 отсто од вкупната вредност на договорот, појаснуваат од ДКСК.

Имајќи ја предвид вредноста на договорот (1 денар), според Антикорупциска, произлегува дека во овој случај општината не располага со адекватни и ефикасни правни механизми за наплата на штета и сметаат дека постои ризик од ненавремено и неквалитетно извршување на договорот без сериозни правни и финансиски последици за економскиот оператор. Според ДКСК, се доведува во прашање квалитетот на уредувањето и хуманизацијата на просторот како и заштитата и унапредувањето на животната средина.

-Оваа состојба, Комисијата за јавни набавки требало да ја согледа и земе предвид при оценувањето на прифатливоста на образложението за невообичаено ниска цена доставено од страна на економскиот оператор Билд Урбан ДООЕЛ Скопје, истакна Ивановска.

Овој план го опфаќа и паркингот спроти Холидеј ин за чија продажба реализирана во време на мораториум кога ДУП-от се ревидира и може да претрпи измени, ДКСК веќе се произнесе и укажа дека постои реален ризик од влијанија на сопствениците на тоа земјиште врз натамошната постапка на ревидирање и донесување на ДУП от од страна Советот на општината.

Од ДКСК препорачуваат органите на локалната самоуправа (Градоначалникот и Советот на општината) особено да водат сметка за квалитетот на плановите што ќе ги донесат при тоа имајќи ги предвид одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање во кои е наведено дека:

Антикорупционерите денеска ги потсетија раководните лица во институциите и органите кои вршат избори и именувања или од нив овластени лица, дека се должни податоците за лицата од членот 82 став (1) од овој закон со пополнување на образец да ги достават до Државната комисија без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на изборот односно назначувањето, како и по престанокот на функцијата на именуваното или назначеното лице.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ