• Latest
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Царовска: Пандемијата е тест за образовниот систем, но и можност за трансформација

November 12, 2020

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Пандемијата е тест за образовниот систем, но и можност за трансформација

November 12, 2020 15:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Мила Царовска, министерка за образование и наука/ Фото: Б. Ј. ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска учествуваше на меѓународен онлајн состанок на министрите за образование од земјите од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Министерството за национално образование на Република Турција, соопштуваат од Влада.

Царовска нагласи дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација на образованието, раздвижувајќи го целиот образовен систем, и укажа на важноста на брзите и темелни реформи насочени кон квалитетно образование за сите деца.

„Покажавме дека можеме и во вонредни околности да организираме успешна настава и за исклучително краток рок да воспоставиме учење на далечина. Тоа ни беше многу важно затоа што секое изгубено време во учењето и развојот кај децата остава ненадоместливи последици не само за нив, туку и за државата. Во моментов над 90 проценти од учениците успешно следат онлајн настава, а без проблеми се одвива и наставата со физичко присуство. Со добро осмислени протоколи, успеавме училиштата да не бидат трансмитери на заразата“, рече Царовска.

„Пандемијата е тест за образовниот систем, но и можност за трансформација со цел учениците да стекнуваат знаења и вештини согласно современите трендови, посочи министерката Царовска. Освен во дигитализацијата и вложувањето во пристапот до ИТ инфраструктура, Министерството за образование и наукасилно е посветено во инвестирање во развојот на вештините на наставниците, како најважен фактор за квалитетот на наставата“, потенцираше Царовска.

Состанокот е организиран во рамките на процесот на соработка во Југоисточна Европа и има за цел да го  поттикнe заедничкото дејствување на полето на образованието и да овозможи размена на искуства и знаење со цел да се минимизираат негативните ефекти од пандемијата преку нови приоди во образованието и да се обезбеди квалитетно образование на сите нивоа, стои во соопштението.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ