• Latest

МНР испраќа економски советници во странство со цел унапредување на економската дипломатија

November 12, 2020
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Национална прес конференција (08.10.2025)

October 16, 2025

Филипче фрли „економска бомба“: Ќе нема пари за пензии, плати и социјална помош – Владата возвраќа: Лажна паника, сè е под контрола

October 16, 2025

Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори

October 16, 2025

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МНР испраќа економски советници во странство со цел унапредување на економската дипломатија

November 12, 2020 16:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција најави дека земјава испраќа економски советници во странство, кои ќе дејствуваат во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништа и ќе бидат надлежни за доследно, професионално и ефективно претставување на нашите економски интереси во европски и воневропски земји, како и на покривање и постепено градење на нов препознатлив бренд во меѓународната јавност, пред се на бизнис заедницата, пренесува МИА.

– Новиот концепт на економска дипломатија ќе биде базиран врз издржана, јасна и прецизна стратегија за економските односи со странство. Извозните потенцијали, расположливата работна сила, капацитети, земјиште и останати расурси за странски инвестиции. На основа на овие импути ќе се дефинирааат содржинските и географските цели на економската дипломатија. Економски профилирани кадри, економски советници ќе се упатуваат во оние земји каде што има реален потенцијал за зголемување на економската соработка. Земји со најголем потенцијал за инвестирање, земји кои се географски блиски или имаат изразено економско-географски интерес, земји со потенцијал за туристи и така натаму, нагласи Османи.

Тој наведе дека за поголема успешност на проектот планираат во прва фаза, во текот на 2021 година врз основа на експертска анализа да бидат таргетирани неколку европски и неколку воневропски земји со најголем потенцијал за соработка.

– Економските советници ќе бидат избрани од редот на високи стручни дипломати од Министерството за надворешни работи, експерти од јавната администрација со економско портфолио и по потреба експерти од приватниот и јавниот сектор. Сите тие без исклучок ќе поминат обемна оперативна и стручна теоретска обука за особеностите и карактеристиките на нашата економија, спецификите на нашиот пазар, капацитетите на нашето стопанство и можностите на туристичкиот сектор, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи потенцираше дека неговите амбиции во следните четири години се дипломатијата да добие една дополнителна компонента, една нова економска карактеристика, која ќе биде, како што рече, попрактична, повидлива, поисплатлива улога.

– Се работи за економската дипломатија, важен дел од надворешната политика на земјата, која сметаме дека треба да биде обновена, да биде засилена и да биде издгината како еден од клучните приоритети на државата, истакна Османи а тоа е вели, интенцијата на новата Влада во овој мандат да биде посветена на економијата и економскиот раст. 

Изборот на кадрите ќе го врши Меѓуресорска владина работна група, која е веќе во фаза на формирање, во која ќе влезат претставници  од економските  ресори како што се Министерството за економија, финансии, транспорт и врски, ресорите коишто имаат  значајна улога во спроведувањето на економската политика итн.  Оваа работна група потоа ќе ја прошири својата активност преку активен пристап  до бизнис  секторот, стопанските комори, академскаста и  експертскаста јавност.

– Со тоа ќе се формира широк фронт за спроведување  на  целите на економската дипломатија, унапредување на севкупната надворешна активност на земјата, а тие цели се: претставување на Република Северна Македонија како привлечна дестинација за  странски  инвестиции преку промоција на предностите за водење бизнис, формирање на постојана распространета влијателна мрежа  која ќе послужи како моќна алатка во процесот на спроведување на нашата стратегија за промоција на извозот на нашите производи, промовирањето на земјата како атрактивна туристичка дестинација со цел зголемување на бројот на туристите кои ќе ја посетуваат земјата и воопшто промоција на Република Северна Македонија како економски и политички бренд, кој претставува дел од современото општество и активен придонес  во оформувањето на стратегијата  за ефикасно искористување на потенцијалите за билатерална помош од нашите меѓународни пријатели, рече шефот на дипломатијата.

На прашање на МИА за начинот на изборот на економските советници, како и за тоа кои би биле првите држави каде би биле тир уаптени, Османи појасни дека МНР го подготви концептот врз основа на сите претходни искуства од минатото, на компаративна анализа на земјите со коишто сметаме дека имаме слични приоритети во економијата.

Според тој концепт, ќе се формира  експертска работна група од претставници од министерствата кои покриваат економски сектори, меѓутоа и од бизнис секторот, од коморите кои врз основа на информациите  е дадат приоритет на земји кои ќе бидат таргетирани прво во првата  група, а ќе бидат земени предвид и квалификациите на луѓето кои ќе бидат испратени, со тоа што  ќе се  даде предност на дипломатите во МНР со искуство во економската дипломатија и тие ќе бидат испратени во ДКП-та на земјата во овие таргетирани држави како  економски  советници, потоа претставници од другите министерства  или агенции од економската сфера.и третото ниво се луѓето од приватниот или јавниот сектор кои се истакнати бизнисмени и економисти коишто сметаме дека ќе играат важна улога во  оваа економска дипломатска активност  на земјата.

– Сите избрани советници потоа ќе мора да го поминат курсот којшто ние го организираме како надлежно Министерство. Така да и по однос на квалификациите односно критериумите и по однос на таргетирањето на државите ќе одлучи експертската меѓуресорска група , а советниците ќе бидат ангажирани  од страна на МНР бидејќи идејата е овој концепт да го контролира МНР преку својата  дипломатска мрежа, истакна министерот Бујар Османи.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ