• Latest

Комисиската расправа за задолжително пензионирање на 64-годишна возраст презакажана за 18 ноември

November 13, 2020

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Комисиската расправа за задолжително пензионирање на 64-годишна возраст презакажана за 18 ноември

November 13, 2020 11:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Собраниската Комисија за труд и социјална политика на која требаше да бидат разгледани измените и дополнувањата на Законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници, и денеска не се одржа. Седницата на комисијата е презакажана за 18 ноември. Комисиската расправа за овие законски измени првично беше закажана за вчера, а потоа презакажана за денеска, пренесува МИА.

Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6.000 лица. Но, како што појасснуваат од Министерството, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано барање за продолжување на работниот однос. Со овие измени се предвидува прекинување на договорите за работа со 64  години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано.

-Според нашите анализи бројката на вработени како од јавен, така и од реален сектор збирно до крајот на  2020 година околу 6.000 вработени ќе наполнат 64 години. Но, тоа не значи дека сите овие граѓани ќе одат во пензија. Дел од нив поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување  на работниот век и после продолжување на наполнување 64 години,  а кој се однесува на следната календарска 2021 година, велат од Министерството.

Законските измени во собраниска процедура ги поднесоа пратеници од СДСМ, во координација со Министерството за труд и социјална политика.

Овие законски измени се предложени за дневен ред на 21. собраниска седница.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ