• Latest

ЗНМ, СЕММ, ССНМ и МИМ: Осуда за говорот на омраза на социјалните мрежи по објавениот текст на „Лидер“

November 15, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЗНМ, СЕММ, ССНМ и МИМ: Осуда за говорот на омраза на социјалните мрежи по објавениот текст на „Лидер“

November 15, 2020 15:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Здружението на новинарите (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го осудуваат говорот на омраза против тимот на невладината организација „Метаморфозис“ што интензивно се шири на социјалните мрежи по објавувањето на текст во порталот „Лидер“ со наслов „(ФОТО) ова се луѓето кои бришат содржини од Фејсбук во Македонија“.

Со неодговорното објавување на ваквите тенденциозни содржини, во коишто не се почитуваат елементарните правила на новинарското известување, вклучувајќи го нарушувањето на приватноста и неконтактирањето на засегнатата страна, не само што се нанесува голема штета врз угледот на вработените во оваа организација, туку се загрозува и нивната безбедност преку експлицитните повици на социјалните мрежи за јавен линч и физичка ликвидација. Истите последици ги предизвикуваат и медиумите коишто одлучија да го реобјават текстот на „Лидер“. Загрижувачки е и фактот што текстот е споделен и на профили на социјалните мрежи на политички субјекти во државата.

Сите медиуми коишто објавуваат содржини на социјалните мрежи, во исто време, се одговорни да ги бришат коментарите што содржат експлицитен говор на омраза, а истото важи и за „Лидер“.

Во исто време, го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе итна истрага преку која ќе се утврди идентитетот на лицата кои го поттикнуваа говорот на омраза преку коментари на социјалните мрежи, а потоа Основното јавно обвинителство да покрене и случај преку кој тие ќе ги бидат санкционирани во согласност со Кривичниот закон. Овие две институции потребно е да ја разберат сериозноста на неказнивоста на говорот на омраза во Република Северна Македонија, кој мора да престане со цел да се избегнат и делата од говор на омраза. Зачестената присутност на говорот на омраза ја наметнаа потребата на овој феномен да се спротивставиме на систематски и заеднички начин.

Залудни би биле сите напори на професионалната новинарска и медиумска заедница доколку нема одговор од институциите кои се надлежни да го санкционираат говорот на омраза.“ стои во соопштението.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ