• Latest

Османи: Не можам да кажам каков ќе биде исходот, но ќе работиме до последниот момент на носење на одлука на Советот на ЕУ

November 15, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Не можам да кажам каков ќе биде исходот, но ќе работиме до последниот момент на носење на одлука на Советот на ЕУ

November 15, 2020 15:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се додека постои уште простор, постојат денови пред нас, постои и можност да се разговара и да се рефлектира приближувањето на ставовите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но одлуката ќе биде донесена во Советот на министри на Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи .

Овие два дена, како што рече Османи, остава да се рефлектира влогот кој сме го внеле и последиците по нашите односи, регионалните прашања и по кредибилитетот на ЕУ.

„Нашата политика е дека ќе работиме до последниот момент од овој обид за носење одлука на Советот за општи прашања, но и за другите Совети. Ние немаме алтернатива од европската агенда. Не можам да кажам кој ќе биде исходот. Очигледно дека во Република Бугарија се понагласено се зборува за неприфаќање на рамката од нивна страна, но ние ќе продолжиме да работиме, да разговараме не само со Република Бугарија, туку со сите земји – членки, бидејќи немаме алтернатива од европскиот пат“ истакна Османи.

Според него, очигледно е дека имаме разлики, кои во овој „балон“ на дневна политика и емоции изгледаат навидум ненадминливи, но тие разлики немаат врска со преговарачкиот процес.

„Тие разлики немаат врска со првата меѓувладина конференција, ниту со билатералниот скрининг, поглавјето владеење на право, отворање на поглавјето животна средина. Едноставно преговарачкиот процес не е ништо повеќе отколку техничка асистенција на Европската унија на земјата – кандидат за да може да оди напред, за да има владеење на правото, подобра животна средина, подобри трговски односи. Апсолутно ниту едно прашање не треба да биде пречка која ќе и оневозможи на една држава прогрес во овие прашања кои се споделено европски вредности“ изјави министерот за надворешни работи.

Добрососедските односи, додаде, се важна обврска во целиот процес на пристапување.

„Добрососедските односи се предвидени во договорот во кој ние имаме преземено обврска дека ќе го реализираме нашиот дел од обврските. Се разбира на крај на процесот ќе има референдум и во Република Северна Македонија, а според Уставот за членство ќе има референдум во Франција, еве може да има и во Бугарија доколку сакаат. Но на никој начин прогресот на државата, владеењето на правото, отворањето и затворањето на поглавјето, преговарачкиот процес не треба да биде поврзан со разликите кои ги имаме во моментот, кои навидум изгледаат ненадминливи, а времето ќе покаже колку се ирационални и колку лесно ќе можеме да ги надминеме“подвлече Османи.

Шефот на дипломатијата уште еднаш нагласи дека нема да се откажат и оти ќе продолжат да работат како овие два дена, така и во иднина, бидејќи, како што рече, алтернатива од европскиот процес нема.

Османи заедно со австрискиот амбасадор денеска беше во посета на Велешта на роднините на Неџип Вренези, кој настрада во нападите во Виена.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ