• Latest

Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент

November 16, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Софија решена да блокира, Скопје ќе настојува за решение до последен момент

November 16, 2020 09:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија останува на тврдите позиции за македонската евроинтеграција и не дозволува да биде усвоена преговарачката рамка што треба да го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција и старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Извесно е дека Софија во вторник на состанокот на Советот на ЕУ ќе ја блокира одлуката за почеток на преговорите. Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захарива вели дека Бугарија во оваа фаза не можеда каже „да“ за С Македонија. Официјално Скопје потврдува дека шансите за промена на ставот на Софија се мали, но оти сепак ќе се настојува до последен момент да се дојде до решение.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека тој никогаш не губи надеж бидејќи одговорноста на политичарите е голема, предупредувајќи дека ваквата одлука на Софија може да предвика развој на непосакувани настани на двете страни.

-Јас сум подготвен и го потготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе е извесно од тоа да добиеме позитивно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста е голема кај политичарите. Иако е ГАК на 17-ти, до декември има време, до крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција, рече Заев.

Очекува одговорност, и како што наведе, крик на пријателство од бугарската страна заради тоа што кај нас имаат пријатели.

-Ако се испрати негативна порака сите знаеме што тоа непосакувано, верувам од двете страни може да развие. Не ни треба тоа, ни треба пријателство, подадена рака заедно да го чекориме европскиот пат, истакна Заев.

Тој изрази надеж дека, како што кажа, пријателска Бугарија ќе остане на духот на пријателството.

-Ако не се од нешто задоволни од исполнувањето на Договорот имаат можност 130 пати низ 34 поглавја да стават вето или блокада, затоа што, Договорот со Грција и Договорот со Бугарија, се составен дел оф преоговарачката рамка. Тие се меѓународни договри кои имаат своја реализација. Уште еднаш напоменувам, тоа го потврдува и бугарската страна имаме решено пет историски личности, три историски периоди, спремни сме да ги објавиме и да почне имплементацијата во учебниците на двете страни и од македонската и во бугарската страна, рече премиерот.

Заев е убеден дека со позитивни одлуки се градат пријателски односи, со негативни одлуки градиме горчина.

-Не треба двата народи никој да ги одалечува треба да ги зближува. Тоа е историски повик, кон политичарите и кон нас, македонските и кон бугарските политичари. Двата народа се навистиа со заедничка историја, со заедничко минато. И од таа заедничка историја и минато се развиле денешните македонскиот и бугарскиот народ. Од словенската јужна група на јазици излезени се двата јазика бугарскиот и македонскиот јазик. Зошто не е доволно заедничко? Како тоа да биде заедничко, а да биде бугарско? Или да биде заедничко, а да биде македонско? Заедничко, е заедничко. Или заедничкото или општо треба да ги наоѓаме решенијата. Одговорноста останува на политичарите со сите одлуки кои ги носиме. Ако се позитивни, историјата ќе испише златни и позитивни букви, ако се негативни ќе испише горчина. јас верувам дека ќе бидеме сите мудри и паметни тоа да го направиме, истакна Заев.

Македонскиот народ, потенцираше, никогаш не би ставил вето на бугарскиот народ, затоа што го смета за братски народ со кој треба меѓусебно да поддржуваат.

И шефот на дипломатијата Бујар Османи се надева дека до одржувањето на Совтот на ЕУ ќе може да се дојде до приближување на ставовите. Овие два дена, вели Османи, оставаат да се рефлектира влогот кој сме го внеле и последиците по нашите односи, регионалните прашања и по кредибилитетот на ЕУ.

– Нашата политика е дека ќе работиме до последниот момент за носење одлука на Советот за општи прашања. Ние немаме алтернатива од европската агенда. Не можам да кажам кој ќе биде исходот. Очигледно дека во Република Бугарија се понагласено се зборува за неприфаќање на рамката од нивна страна, но ние ќе продолжиме да работиме, да разговараме не само со Република Бугарија, туку со сите земји – членки, бидејќи немаме алтернатива од европскиот пат, истакна Османи.

Според него, очигледно е дека има разлики, кои во овој „балон“ на дневна политика и емоции изгледаат навидум ненадминливи, но тие разлики немаат врска со преговарачкиот процес.

– Тие разлики немаат врска со првата меѓувладина конференција, ниту со билатералниот скрининг, поглавјето владеење на право, отворање на поглавјето животна средина. Едноставно преговарачкиот процес не е ништо повеќе отколку техничка асистенција на Европската унија на земјата – кандидат за да може да оди напред, за да има владеење на правото, подобра животна средина, подобри трговски односи. Апсолутно ниту едно прашање не треба да биде пречка која ќе и оневозможи на една држава прогрес во овие прашања кои се споделено европски вредности, изјави министерот за надворешни работи.

Неговата бугарска колешка Захариева, пак, вели дека Бугарија кажува „не“ за старт на преговорите сега, а не и на членството на Северна Макеоднија во ЕУ. Софија смета дека Скопје во моментов не е подготвено да ги исполни условите за почеток на преговорите.

Захариева тврди дека Бугарија секогаш добро се однесувала кон Северна Македонија, во сите тешки моменти досега подавала рака, а тоа ќе го правеле и во иднина. Одговорноста за проблемот целосно ја префрла на македонската страна.

– Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство и продолжува со омраза кон Софија, поради што нема начин како Бугарија да каже „да“ во оваа фаза. Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но не се согласуваме дека тоа право на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик. Како што тргнале, тие ќе почнат да го негираат постоењето на бугарска нација, изјави Захариева за БНТ.

Бугарската Влада во петокот на вонредна онлајн седница го утврди ставот на официјална Софија за преговарачките рамки за пристапување на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември.

– Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската унија. Нашата земја ја крена темата високо на агендата на ЕУ за време на нејзиното претседателство со Европскиот совет во 2018 година. Европската перспектива е најсилната мотивација за транзиција кон демократско владеење и пазарна економија на Западен Балкан, се вели во кусото соопштение од владиниот состанок.

Повеќе информации, ниту пак детали во врска со утврдената позиција, не беа соопштени.

Бугарија на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ на 6 ноември се спротвстави на усвојувањето на преговарачката рамка за Сверна Македонија. Софија го исвести Брисел дека не е во можност да ја прифати предложената рамка за преговори и придружната нацрт-декларацијата со образложение дека не ги даваат потребните гаранции за исполнување на поставените бугарски услови. Бугарија има забелешки за неспроведување на Договорот за добрососедство, за историски прашања, но и за македонскиот јазик и идентитет.

Советот за општи работи на ЕУ на кој треба да се усвои преговарачката рамка, првично беше закажан за 10 ноември, но беше одложен за 17, што им даде дополнително време на Скопје, Софија и на германското претседателство како медијатор да ги приближат позициите и да постигнат заеднички прифатлив договор, со што би се отстраниле бугарските резерви. /МИА

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ