Премиерот Заев заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи, вечерва имаа работна вечера со пратениците во германскиот Бундестаг Нилс Шмит од СПД и Јирген Харт од ЦДУ.
Заев и Османи ги презентираа политичките позиции на Северна Македонија во очекување на првата меѓувладина конференција со ЕУ како и напредокот постигнат во речиси сите области кои веќе ги нотираше Европската Комисија во својот извештај. Заев го пренесе ставот дека правото на самоопределување не треба да биде предмет на дипломатијата.
Германските парламентарци ги пренесоа позитивните ставови и поддршката на нивните политички партии кои се и коалициони партнери во сојузната влада на СР Германија кон евроинтеграцијата на Северна Македонија. Истовремено изразија големо задоволство од интензивната билатерална соработка меѓу двете пријателски држави, очекување и поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во време на германското претседателство.
Зоран Заев вчера ја доби наградата за човекови права за 2020 што ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт, како што и самите изјавија поради решителниот курс на реформите на Заев на крајот ги наведе земјите-членки на ЕУ да започнат преговори за пристапување меѓу ЕУ и Северна Македонија во март, а успеа и земјата да се приклучи на НАТО како 30-та членка.
„Се чувстувам благородно и благодарно, но истовремено и скромно примајќи ја денешната престижна награда на Фондацијата Фридрих Еберт. Фондација која има стогодишно искуство, посебно на полето на промовирање на слообдата, едноаквоста и солидарноста. Ова се демократски вредности кои градеа и продолжуваат да градат цивилизациски придобивки, сок рајна цел, планетарна добробит, одржливост, безбедност, транспарентност и бескомпромисна борба против на секој еден никулец на авторитаризам. Тоа поттикнување на искажување на слободната волја и градење на едно општество за сите без разлика дали зборуваме локално или глобално. Оваа награда, која е создадена на иницијатива на високо почитуваните Карл и Ида Фејст и која е инспирирана од нивната дологогодишна борба и поддршка за правата на работниците и нивното движење е комплементарна со мојата лична филозофија живот за сите, еднаквост за сите, дијалог пред сè, конфликт никогаш“, изјави Заев по добивање на наградата.












