• Latest

Рот уште еднаш ги отфрли бугарските барања за вметнување на историските спорови во Преговарачката рамка

November 17, 2020
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рот уште еднаш ги отфрли бугарските барања за вметнување на историските спорови во Преговарачката рамка

November 17, 2020 19:50
in ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Комисија и Германија, како актуелен претседавач со ЕУ, не сакаат да дозволат билатералните спорови меѓу една земја-членка и земја-кандидат да се пренесуваат на европско ниво, порача вечерва германскиот министер за Европа, Михаел Рот.

На тој начин, Рот уште еднаш отфрли дел од бугарските барања за вметнување на историските спорови во Преговарачката рамка.

Тој потврди дека Бугарија, како единствена од 27-те земји членки на ЕУ, денеска го блокирала усвојувањето на Преговарачката рамка за почеток на преговорите со ЕУ на Северна Македонија.

Рот се надева дека сé уште има време, иако кусо, да се најде решение за спорот.

„Сакаме да ги тргнеме од патот сите пречки за да успееме уште за време на нашето претседателствување да ги започнеме Меѓувладините конференции. Но, сега не е време билатералните проблеми, кои во ова кратко време не успеавме да ги решиме,  да ги пренесуваме на европско ниво. Мора како ЕУ да испратиме јасен сигнал на доверба кон Западниот Балкан, и притоа, како на Северна Македонија, така и на Албанија, кои многу сработија, да им го отвориме патот кон ЕУ“, рече Рот.

Германскиот министер изрази жалење што во изминатите денови не успеале дипломатските напори да се убеди Бугарија да ја одобри преговарачката рамка. Во тие напори освен тој самиот и шефот на германската дипломатија Хајко Мас, според Рот, учествувал и комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Подоцна, одговарајќи на новинарско прашање, Рот ги групираше бугарските барања. Во првата група, според него, се бугарското барање за користењето на уставното име на државата и забелешката за именувањето на македонскиот јазик во документите на ЕУ, а во втората група, како што рече, „се редица други прашања од билатерален карактер“.

Објаснувајќи зошто Преговарачката рамка треба да содржи дел од бугарските барања, Рот појасни таа „ги вреднува и ги вклучува големите историски чекори.“

„Тоа значи дека од една страна содржи делови од Преспанскиот договор со Грција, како и најважните елементи од Договорот за добрососедство со Бугарија.“

Ставот на германскиот дипломат е дека, со оглед на забелешките на Бугарија, мора да се одлучи што е тоа што треба да се расчисти на европско рамниште, а што ќе се решава билатерално меѓу двете земји.

Тој останува оптимист дека спорот може да се надмине, но вели дека рокот за тоа е до Божик.

„Оптимист сум дека со добра волја и храброст може да се надминат проблемите. На Западниот Балкан му треба јасен сигнал дека сме со него и дека ќе ги исполнуваме ветувањата кога ќе се завршат домашните задачи“, рече Рот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ