• Latest

Шахпаска: Социјалните претпријатија обезбедуваат интеграција, намалување на сиромаштијата и невработеноста кај ранливите категории

November 18, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шахпаска: Социјалните претпријатија обезбедуваат интеграција, намалување на сиромаштијата и невработеноста кај ранливите категории

November 18, 2020 12:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалните претпријатија преку економските активности се исклучително важни за поддршка на  најранливите категории граѓани, кои немаат пристап до домување, образование, социјални услуги, кои се исклучени од пазарот на труд, без достоинствен живот и со соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Тие им овозможуваат  пристап до  работни места, интеграција и реинтеграција во заедницата, градење на самодоверба, развој и вклученост во заедницата, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната јавна расправа на тема: Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија.​

Како што информира МТСП, Шахпаска посочи дека, социјалните претпријатија на прво место ја ставаат солидарноста и грижата за личноста и истовремено со своите иновативни  решенија и социјална мисија придонесуваат за кохезија и развој на целото општество.

-Владата се обврза, а Министерството за труд и социјална политика  работи во насока на обезбедување политичка, стратешка и техничка поддршка за создавање поволна клима за развој на социјалното претприемништво, истакна Шахпаска.

Таа појасни дека Нацрт Националната Стратегија за социјални претпријатија за која денес се расправа ги одразува сите овие заложби. Успеавме, потенцира, да развиеме документ низ целосно партиципативен процес кој траеше подолго од 12 месеци и кој подразбира и зајакнување на капацитетите на јавните институции, бизнис секторот, социјалните претпријатија и актерите кои обезбедуваат поддршка за социјалните претпријатија.

Според Шахпаска, овој процес бил координиран од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, а е поддржан од УНДП и Швајцарската агенција за развој и, како што рече, создаде нов начин на работа кој се темели на соработка, градење партнерства, солидарност и заедништво.

-Со оваа прва Национална стратегија за социјалните претпријатија ја поставуваме основата на еден еко-систем  каде човечкиот капитал, социјалната инклузија и економскиот развој се приоритет.  Воспоставуваме  систем кој креира одржливи општествени решенија за предизвиците на денешницата во повеќе области, кој промовира демократско управување и реинвестирање на добивката за општествено добро, но пред се за луѓето, истакна Шахпаска и додаде дека овој документ е првиот чекор во развојот на екосистемот за социјалните претпријатија, после кој ќе следи создавање на национален координативен механизам за следење на имплементацијата на Стратегијата.

Министерката Шахпаска нагласи дека социјалните претпријатија се одраз на трансформацијата на економијата кон социјална економија – тие решаваат општествени предизвици, придонесуваат за благосостојбата на човекот, создаваат производи и услуги, генерираат работни места и придонесуваат со социјалните иновации, но и истовремено значат борба против сиромаштијата и зголемување на вработувањето на најранливите категории на граѓани.

Денешниот настан организиран во рамки на Глобалната недела на претприемништво, се одбележува истовремено во 170 земји во светот и  претставува најголемото светско одбележување на иноваторите и креаторите на работни места, го поттикнуваат економскиот пораст и даваат пошироко, подлабоко значење на благосостојбата на луѓето. На јавната расправа се обратија и Герхард Браунинг, експерт за развој на социјални претпријатија и Александра Илоска, истражувач на јавни политики од Асоцијацијата „Паблик“. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ