• Latest

Пожарникарите ќе добијат зголемување на платите за 20 отсто

November 18, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пожарникарите ќе добијат зголемување на платите за 20 отсто

November 18, 2020 14:49
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Основната плата на пожарникарите ќе биде зголемена 20%, согласно со барањата на пожарникарите и добиените судски пресуди, соопшти денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по денешната средба во станицата на противпожарната бригада во Автокоманда.

„Најдовме законска форма овој проблем да биде бајпасиран со потпишувањето на денешниот правилник, до донесувањето на законот. Моето инсистирање, и како градоначалник и како претседател на ЗЕЛС, е дека ние мора да имаме законска форма на решавање на проблемот на пожарникарите на ниво на целата држава, бидејќи ова е едно парцијално решение кое се однесува само на противпожарната бригада на Град Скопје. Овие луѓе секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ги отстранат опасностите во кои се наоѓаат граѓаните и таа нивна благородна дејност мора да биде опфатена со целосно законско решение“, изјави Шилегов, по средбата.

Тој додаде дека Градот Скопје нема да застане со опремување на противпожарната бригада и подобрување на условите за работа.

„Ја подобруваме опремата која што ја имаат пожарникарите, ги подобруваме техничките ресурси, скалата очекуваме наскоро да дојде, за да ја олесниме и така тешката работа која ја работат овие луѓе. Задоволство ми е што успеавме сите инволвирани страни – Градот Скопје, синдикатите, Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и Кабинетот на премиерот, да изнајдеме решение кое ќе гарантира соодветен надоместок за трудот и ангажманите до донесувањето на законското решение“, нагласи Шилегов.

Со усвојувањето на измените на правилникот уште од следниот месец треба да биде покачена основната плата на пожарникарите, а ова привремено решение ќе важи до моментот додека во Собранието не се донесе законското решение кое ќе ги регулира овие прашања долгорочно.

На денешната средба во станицата во Автокоманда присуствуваа и претставници од синдикатите на скопските пожарникари, од Иницијативниот одбор, Министерството за одбрана и претставник од кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ