• Latest

Шахпаска: Изготвена е драфт-верзијата на законските измени за прогласување на недела за неработен ден

November 18, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шахпаска: Изготвена е драфт-верзијата на законските измени за прогласување на недела за неработен ден

November 18, 2020 15:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика веќе ја изготвило драфт верзијата на законското решение за прогласување недела за неработен ден и ја доставило до министерствата и до Владата. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска не сакаше да соопштува детали од оваа дравфт верзија, бидејќи, како што рече таа не е финална верзија. Само кусо посочи дека пред изработката биле чуени ислењата на сите засегнати страни.-Законот се работи, направен е драфтот доставен е до колегите министри. Очекувам дека во скоро време јавноста ќе биде запознаена со деталите. Отприлика ја имаме сликата како треба да се движи овој процес дали држи и дилемата дали е во ред во услови на пандемија да се направи овој чекор, но, законското решение граѓаните скоро ќе го видат. Драфт верзијата не е конечна верзија и затоа засега не сакам да ги споделувам деталите со јавноста, рече Шахпаска.Таа појасни дека била направена работна група внатре во Министерството, но и меѓуресорска група со вклученост и на други ресорни министерства како Министерството за економија, за транспорт и врски и за информатичко општество и јавна администрација, со цел заеднички да се разговара со сите засегнати страни.-Имавме бројни состаноци со стопанските комори, со синдикатите и со организацијата на работодавачи, бидејќи сакаме да изготвиме  решение кое навистина ќе биде наша определба недела неработен ден. Но, исклучоци мора да постојат во дејности витално важни за непречено фунционирање на општеството како здравство, безбедносни сили, притивпожарни служби…, рече министерката за труд и социјална политика одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето Договори за грантови за развој на социјални услуги со општините.Според неа, во текот на дебатата се отвориле и дилеми од кои најголем дел, како што рече, се од проблематика што е во ингеренции на Министерството за економија.-Поделени се мислењата дали треба или не треба да биде недела неработен ден. Но, јас морам да се повикам на анкета ССК во која стои дека 64,7 од нејзините членовите сметаат дека недела треба да е неработен ден. На прашањето дали би имале негативни последици околу 75 проценти одговориле дека нема да имаат. Тоа нам ни дава сериозна поддршка во изготвување на ова решение, рече Шахпаска.Министерката истакна и дека се потребни и дополнителни консултации за да се види кои треба да бидат исклучоците. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ