• Latest

Како десничарите го добија своето место на социјалните мрежи

November 21, 2020

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

October 4, 2025

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
Фото: Скриншот

Хамас се согласува да ги ослободи израелските заложници, но бара измени во мировниот план на САД за Газа

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Како десничарите го добија своето место на социјалните мрежи

November 21, 2020 10:38
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кога на 4 февруари 2004 година беше пуштена во употреба нова веб-страница наречена „ДФејсбук“, никој не ја забележа. Концептот на социјални мрежи тогаш не ни постоеше, а на Интернет доминираа денешните заборавени гиганти, како што е Јаху.

Тогаш немаше ни ЈуТјуб, бидејќи повеќето корисници на интернет во светот во тоа време, а особено на овие простори, немаа доволно брза интернет-врска или доволно брз компјутер за да гледаат видеа на Интернет. Паметните телефони од тоа време беа бавни и незгодно дизајнирани и наменети за бизнисмени.

Петнаесетина години подоцна, Фејсбук е еден од глобалните технолошки лидери, повеќе од четири милијарди луѓе имаат профил на оваа социјална мрежа, а 1,7 милијарди луѓе дневно користат ФБ. Марк Цукерберг, денешен извршен директор и еден од основачите, е „тежок“ близу 100 милијарди долари, а само оваа година заработи 41 милијарда.

Ваше право да не кажете сè

Фејсбук не само што придонесе за развој на социјалните медиуми, туку останува најпопуларна мрежа. Втората најпопуларна мрежа – Инстаграм, исто така е во сопственост на Фејсбук. Тука се и Твитер, Снепчет како и моментално мега популарниот ТикТок. Сите овие социјални мрежи ја „туркаат“ огромната популарност на паметните телефони и мобилните уреди, што секако резултира со стотици милијарди долари обрт и профит за големите компании.

Социјалните мрежи веќе одамна ги заменија класичните медиуми во западните земји – 38 отсто од Американците и 31 процент од граѓаните на ЕУ изјавија дека исклучиво се информираат преку нивните социјални мрежи или контактите на нив. Во споредба со телевизијата (25 отсто) и печатените медиуми (18 проценти), јасно е дека „вестите на дланка“ одамна го презедоа приматот. Така, многу „сериозни“ новински куќи и медиуми се принудени да создаваат содржина специјално за социјалните мрежи, така што корисниците ќе можат да ја консумираат „брзо“. Парадоксално е и тоа што многу етаблирани ТВ компании имаат повеќе гледачи на ЈуТјуб отколку на кабелската мрежа.

Таквата популарност на социјалните мрежи и воопшто содржината на Интернет, неизбежно доведе до масовно ширење лажни вести и дезинформации (фејк њуз). Феноменот на „лажни вести“ многумина го сметаат за културен и социјален проблем, па затоа е јасно колку всушност влезе во сите пори на општеството. Не требаше долго за политичарите, активистите, но и различните десничарски, екстремистички, па дури и терористички групи и организации ширум светот да ги видат сите предности на онлајн „маркетинг“ заради ширење на своите ставови. Постојат и разни хакерски групи, малициозни индивидуи, па дури и редовни маркетинг агенции, кои од убедување или заради профит и пари, создаваат пошироки вести и дезинформации за сите можни теми, од сите аспекти на животот.

Фејсбук, Инстаграм и Твитер се свесни за овие проблеми веќе неколку години и се обидоа, секој на свој начин, да ги запрат или целосно да ги забранат. Сепак, социјалните мрежи се токму тоа – социјални, па затоа е многу тешко да се утврди кој е во право, кој не и кој какви намери има. Затоа социјалните мрежи едноставно забранија одредени видови на содржина – на пр. нацизам, негирање на холокаустот, разни теории на заговор, политичка десничарска пропаганда и од неодамна разни движења против вакцинација.

Сепак, повеќето корисници се сведоци дека и покрај ваквите мерки, екстремни содржини (од двете страни на политиката, и лево и десно), како и многу несакани содржини, како што се разни реклами, содржина која е т.н. мамка за кликови и разни видови онлајн измами, продолжуваат да пристигнуваат на екраните на нашите паметни телефони.

Јасмина Станисављевиќ, економист и експерт за маркетинг, вели дека е многу тешко да се препознаат заканите во денешниот дигитален свет.

„Повеќето од оние на кои им е забранет пристап до мрежи, т.е укинат им е налогот, се повикуваат на слобода на говор, право на мислење и загрозување на политичките и верските слободи. Во овој наш дигитален свет – и економијата полека станува сè повеќе дигитална – не постои вистински начин како некому да му се „одземе збор“. Всушност, и во реалниот живот имаме секакви политички крајности, разни десничари, вербално, како и вистинско насилство, а целиот тој свет штотуку се пресели на екраните на нашите телефони и компјутери“, рече Станисављевиќ.

Твитер има брат близнак

Основана во 2018 година, апликацијата Парлер (Parler) (достапна и на iOS и на Android уреди) беше само уште еден „клон“ на Твитер, кадешто корисниците можеа да објавуваат краток текст или фотографија, да се следат едни со други и да испраќаат пораки. Практично незабележана, оваа апликација имаше мал број преземања веќе подолго време. И тогаш се случи нешто неочекувано. Американскиот сенатор Тед Круз од Тексас, инаку еден од најпопуларните републиканци и „икони“ на десницата во САД, му се придружи на Парлер во 2019 година и го нарече „оаза на слободниот говор“. Наскоро доби три милиони следбеници на оваа мрежа и секој републиканец во САД (и обожавател на претседателот Доналд Трамп) го инсталираше Парлер.

Сето ова не би претставувало проблем, ако Парлер не станеше платформа за најневеројатните теории на заговор за кратко време, но и промовирање на разни екстремни ставови, па дури и отворен расизам.

И Јутјуб го има својот „брат близнак“ во десницата – Рамбл (Rumble). Како што наведува самата страница, „Рамбл е платформа што ги почитува вашите права“. Слично на Јутјуб,, корисниците можат да ги закачат своите видеа, да коментираат и да споделуваат објави. За време на пишувањето на овој текст, сите пет најпопуларни видеа на денот на оваа платформа се поврзани со Доналд Трамп и наводната кражба на гласови од страна на Демократите на последните избори.

Покрај ваквите мрежи и апликации, има огромен број веб-страници на кои се собираат луѓе „од маргините на Интернетот“ и љубители на теории на заговор. Најпопуларниот е секако AboveTopSecret, страница чие име се кажува „Над државната тајна“. Долги години, оваа страница беше место за теории на заговор за вонземјани, новиот светски поредок, тајни друштва итн.  Со доаѓањето на Трамп на функцијата во 2016 година, AboveTopSecret станува централното место на обожавателите на американскиот претседател. Посебно се истакнува корисник по име ‘Th3 Wh17e Rabb17’, кој со години презентира разни теории на заговор и тврди дека е вработен во американската администрација. Овие теории на заговор станаа толку популарни меѓу републиканците и десничарите во САД што самиот Трамп ги објави на својот Твитер профил неколку пати.

Срѓан Антиќ, ИТ експерт, вели дека е многу тешко, ако не и невозможно, да се контролира протокот на информации на Интернет.

„Интернетот потекнува и еволуира од самиот почеток како „мрежа на сите мрежи“. Иако во јавноста често се смета дека постои некаков „прекинувач“ со кој Интернетот може да се исклучи или контролира, тоа всушност не е точно. Интернетот е децентрализиран, низ светот има милиони сервери и големи компјутери кои складираат податоци, па дури и ако се „исклучат“ цели земји, Интернетот продолжува да работи. Поради оваа технологија и начинот на работа, речиси е невозможно целосно да се отстранат ваквите штетни и екстремни содржини“, објаснува Антиќ.

Протерани од сите мрежи

Судбината на интернет-десничарите и „онлајн екстремистите“ можеби најдобро ја илустрира случајот на американскиот радио водител и публицист Алекс Џоунс.

Џоунс е уредник на InfoWars, „светиот грал“ на теоретичарите на заговор. Американските медиуми го опишуваат Џоунс како „водечки теоретичар на заговор“ во светот, а неговата страница како „најголема анти-научна“ страница на Интернет. Поради неговите лажни вести, Алекс Џоунс беше забранет практично на сите социјални мрежи – Фејсбук, Јутјуб и Твитер. Откако Џоунс отвори друга страница со иста содржина, NewsWars, експертите на Фејсбук го „обучија“ нивниот софтвер да препознава содржина од овие две страници, и ако ги споделите овие линкови на вашиот налог, тој, исто така, може да биде укинат.

Интересно е и тоа што самиот Доналд Трамп се појави во шоуто на Алекс Џоунс во декември 2015 година, а за време на кампањата во 2016 година, Трамп изјави дека „Џоунс има неверојатна репутација и информации и дека тој е – прекрасно момче!“/ Ал Џезеира Балкан/ МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ