• Latest

Опозицијата и натаму се противи на онлајн гласање во Собранието

November 23, 2020

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Опозицијата и натаму се противи на онлајн гласање во Собранието

November 23, 2020 13:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторите на пратеничките групи на опозициските партии денеска претпладне не присуствувале на редовната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а причина за тоа, како што наведуваат, е, меѓу другите, ставањето на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието без договор со опозицијата. Се доведува во прашање и учеството на опозициските пратеници на координативните средби и на пленарни седници.

Предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието, по сратена постапка, што предвидува вклучување на далечина на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација во работата на Параламентот и работните тела, е ставен на дневен ред на седницата што првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери ја закажа за в четврток, 26 ноември.

Сепак, не се знае кога можноста за онлајн вклучување на пратениците ќе стане реалност имајќи предвид дека за да се донесе Предлогот на мнозинството му требаат 61 пратеник што во моментов ги нема поради отсуството на неколкумина пратеници од здравствени причини, дел поради Ковид.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски потврди дека не присуствувал на координацијата и дека не дале поддршка предлог Деловникот да биде на дневен ред, имајќи предвид дека досега, освен еденаш, негови измени се носеле со консензус.

Опозициските пратеници, најверојатно, веќе нема да им помагаат на своите колеги од владејачкото мнзоинство ниту за овозможување кворум.

Координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи за МИА најави дека тие ќе присуствуваат само на седници со точки на дневен ред за кои ќе проценат дека се од интерес за граѓаните, а не во интерес на политичките партии од власта.

Реџепи рече дека причина за тоа што не присуствувал на денешната координација со Џафери е, како што кажа, едностраната одлука за ставање на деневен ред на седница на точка за која мнозинството и опозицијата не се ни блиску до договор.

-Ќе се преиспитаме дали ќе одиме на координација при вакви чекори на претседателот на Собранието, рече тој обвинувајќи дека владејачките партии сакаат да ја прикријат нивната несериозност.

Опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива се противат на какво било онлајн работење на Собранието посочувајќи дека на таков начин владејачкото мнозинство сака да го прикрие тенкото мнозинство од само 62 пратеници и оти со тоа ќе се прекрши член од Уставот. Владејачките парламентарни партии сметаат дека треба да им се овозможи на пратениците да работат од дома само кога за тоа пратеникот ќе има решение од соодветна задравствена институција, а во предлогот се пропишани и начинот на повикување на пратеникот и изјаснување. Дотолку повеќе што без доволен број пратеници, владејачкото мнозинство не може да носи закони за коишто смета дека се потребни за спроведување на мерките за ковид-кризата а за кои нема секогаш поддршка од опозицијата. Исто така е важно да се потецира и дека утре почнува и комисиската расправа за Буџетот за 2021 година.

Опозициските партии, но и медимски работници денеска реагираа и поради неможноста да се следи работата на Комисијата за здравство во Собранието, на која на дневен ред беа измени на Законот за здравствена заштита, предложени од пратеници од влата, и на Законот за заштита на населението од заразни болести, прдедложен од опозицијата, односно предлогот за формирање државна комисија. Забелешките се однесуваа на техничката неможност онлајн да се следи седницата на Комисијата и, како што пренесуваат медиумите и пратеници, не можноста да се почитуваат мерките за Ковид-19, поради малата сала. По реакциите седницата е презакажана за 15:30 во салата Борис Трајковски, а пратениците веќе ја изгласале првата точка со која на здравствените рабтници ќе им се овозможи да продолжат со својата работа до 67 години./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ