• Latest

Филипче фрли „економска бомба“: Ќе нема пари за пензии, плати и социјална помош – Владата возвраќа: Лажна паника, сè е под контрола

October 16, 2025

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче фрли „економска бомба“: Ќе нема пари за пензии, плати и социјална помош – Владата возвраќа: Лажна паника, сè е под контрола

October 16, 2025 10:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Маврово и Ростуше, остро ја критикуваше економската политика на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, предупредувајќи дека државата се соочува со сериозни финансиски проблеми и пад на странските инвестиции.

Филипче оцени дека до крајот на годината во државниот буџет ќе недостасуваат 1,4 милијарди евра, што, како што рече, ќе го загрози редовното исплаќање на плати, пензии, социјална помош и поддршка за компаниите.

„Година и пол укажуваме дека водат лоши економски политики и дека ќе завршиме во амбис. Ќе недостасуваат 1,4 милијарди евра за плати, пензии и социјална помош – единствено решение ќе биде ново задолжување“, изјави Филипче.

Тој додаде дека додека земјите од регионот бележат економски раст и зголемување на платите, македонската економија стагнира, а граѓаните не можат да добијат ниту минимална плата од 500 евра.

Во своето обраќање, Филипче посочи и дека во првите два квартали од 2025 година странските инвестиции биле под 300 милиони евра, за разлика од 2024 година кога, според него, „благодарение на политиките на СДСМ биле привлечени рекордни милијарда евра“.

„Странските инвеститори ја губат довербата. Знаат дека државата ја води влада без визија, без капацитет за реформи и без интерес за европска иднина“, нагласи тој.

Филипче заклучи дека граѓаните секојдневно се соочуваат со економски застој, без нови проекти, без раст на платите и пензиите, а довербата во институциите опаѓа.

„На 19 октомври граѓаните ќе испратат силна порака. Време е за развој, стабилност и европска Македонија“, порача лидерот на СДСМ.

Владата: Буџетот е стабилен, економијата расте

Владата со соопштение остро реагираше на предупредувањата на Филипче, нарекувајќи ги „лажна паника и неточни бројки“.

„Од Филипче не очекуваме да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, советниците не му ја завршиле домашната задача“, се наведува во реакцијата.

Оттаму посочуваат дека Буџетот е стабилен и ликвиден, дека сите обврски кон граѓаните, компаниите и институциите се сервисираат редовно и навремено, а реализацијата на приходите и расходите се одвива согласно планот и годишната динамика.

Според Владата, буџетскиот дефицит за 2025 година изнесува 41,4 милијарди денари, што е 3,3 милијарди помалку од 2024 година. Јавниот долг, заклучно со јули, е 58,7%, а очекувањата се тој да биде понизок од проектираниот до крајот на годината.

„Економијата расте, инфлацијата се стабилизира. Реалниот БДП порасна за 3,4% во второто тримесечје, невработеноста е на историски најниско ниво од 11,5%, а инфлацијата во септември изнесува 4% и продолжува да паѓа“, наведуваат од Владата.

„Ова се факти, не политички флоскули. Додека Филипче се обидува да создаде паника, Владата останува фокусирана на стабилност, раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ