• Latest

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, не се разговара за отстапки, туку за решенија меѓу двете страни

November 24, 2020
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, не се разговара за отстапки, туку за решенија меѓу двете страни

November 24, 2020 09:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, и оти не се разговара за отстапки, туку за решенија меѓу двете страни, пренесува МИА.

Во меѓувреме и од бугарска страна омекнување на позициите – бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа мора да биде посакувано и спроведено од двете страни. САД ја повторија позицијата Скопје и Софија да продолжат да ги решаваат билатералните спорови надвор и одвоено од процесот на евроинтеграциите и оти влезот на земјава во ЕУ го гледаат како заеднички интерес.

-Северна Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение за отворените прашања што постојат со Софија, изјави вчера премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека Бугарија е голем пријател на земјава и оти верува дека ќе остане на таа линија.

Рече дека не сме многу далеку од договор и оти треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас.

-Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 кога и да е, и една средба помеѓу мене и премиерот (Бојко) Борисов, а верувам дека и нашите работни групи коишто контактираат интензивно ќе создадат и атмосфера за тоа, зборувам  за двете страни. Нормално, се развиваат идеи, се разглобува секаков вид на варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата пријателски народи да се изнајде европско решение со вградените европски вредности во него. Јас верувам дека тоа е возможно. Секако ова екстра време кое што испадна давајќи ни ја шансата за одложениот ГАК или Советот на министри е извонредна можност да бидеме паметни двете страни и да ја искористиме како можност, истакна Заев.

Потенцира дека со Софија не се разговара за отстапки, туку за решенија за двете страни.

– Не зборуваме за отстапки. Се зборува за решенија на двете страни. Постојат начини како тоа да се реши. Секако, уште еднаш потенцирам, драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност, а верувам низ тие формулации ќе се изнајдат и решенијата заради тоа што постојат решенија, секако внимавајќи едни на другите како страни во договорите – ние на бугарската страна, а бугарската страна да внимава на нас. Тоа го прават пријателите и верувам дека покажеме уште еднаш дека сме големи пријатели, нагласи премиерот.

Се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи со процесот на пристапување кон Европската Унија. Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Влезот на Северна Македонија во ЕУ го гледаме како заеднички интерес, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Според, Брнз, билатералните спорови меѓу земјите треба да се решаваат надвор од процесот на интегрирање.

– Разочарани сме што Бугарија го блокира прогресот. Навистина е важно, и ние продолжуваме да комуницираме за ова во Бугарија и во Северна Македонија двете земји да продолжат да ги решаваат билатералните спорови надвор и одвоено од процесот на евроинтеграциите, изјави Брнз.

Во меѓувреме, бугарскиот премиер Бојко Борисов на видео-конференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и Швајцарија, рече дека Бугарија отсекогаш била подготвена за дијалог и разбирање за решавање на билатералните прашања со Република Северна Македонија, но тоа мора да биде посакувано и спроведено од двете страни.

– Токму за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, нашата земја ја стави високо на агендата на ЕУ за европската иднина на Западен Балкан, кажал Борисов.

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева,пак, во меѓувреме во интервју за Канал 3 изјавила дека „многупати и подадовме рака на Република Северна Македонија, дури и во нивните најтешки моменти, но од друга страна гледаме непријателство и неискреност“.

-Се надевам дека емоциите ќе стивнат, бидејќи веќе го намаливме бројот на негативни написи против Бугарија кај нашиот југозападен сосед. Би сакала да потсетам дека според договорот двете земји имаат обврска да ги запрат сите вакви манифестации на омраза, рекла Захариева.

Копретседавачот на македонскиот тим во Заедничката историска комисија Драги Ѓоргиев, најави дека следниот состанок на заедничката комисија треба да се случи на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.

Несомнено, политичката ситуација по бугарското вето, вели тој, ќе влијае на работата на Заедничката историска комисија, но, сепак, сметам дека таа треба да продолжи да работи. Додава дека дадминување на недоразбирањата можат да се случат само преку дијалог, преку разговори.-По блокадата од страна на Бугарија, овде се интензивираа негативните коментари за тоа. Веќе има притисок врз комисијата да ги прекине преговорите. Јавноста е и разочарана, но и бесна поради овој потег на Бугарија. Несомнено, тој притисок од јавноста се пренесува и врз членовите на комисијата. Се разбира, политички досега од ниту еден фактор не сме имале притисок, но од медиумите и јавноста е навистина голем. Се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на работата на комисијата, додаде Ѓоргиев  во интервју за „Слободна зона“ на бугарската телевизија „Европа“.Тој објаснува дека притисокот не е насочен само кон прекинување на работата на комисијата.– Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонија и македонската јавност. Покрај тоа, тоа предизвикува радикалите да се обидат да ја зголемат недовербата кон Бугарија, што ќе влијае на членовите на македонската страна на комисијата. Во овој момент, во ваква атмосфера ќе биде многу потешко да се разговара, коментира Ѓоргиев.Терминот „заедничка историја“, посочува, е нешто со што македонските и бугарските историчари не се согласуваат во толкувањето. Според него, историскиот спор треба да продолжи да се дебатира на ниво на историчари, на академско ниво, и може и понатаму да остане нерешен и двете историографии да се расправаат за тоа, но тој не треба да влијае на политичките односи меѓу двете земји и да ги скара двата народа.Ѓоргиев потврди дека личноста на Гоце Делчев ќе продолжи да предизвикува полемики меѓу историчарите од обете страни, но вели дека Делчев покрај влијанието на неговиот светоглед од бугарскиот образовен контекст во кој се развива и идеите на бугарските револуционери, има и силен македонски политички идентитет. -Тој е роден во Македонија, се бори за Македонија. Има силен македонски политички идентитет и сето тоа не може да го запоставиме. Затоа сметам дека во овој момент треба да бидеме флексибилни и умни, да го оставиме на страна прашањето чиј е Гоце Делчев. Тој  е силно вграден во меморијата и на бугарскиот и на македонскиот народ. Според тоа, можеме да го сметаме за херој кој може заеднички да го славиме и тука треба да најдеме решение, а дискусиите ќе продолжат понатаму, вели Ѓоргиев нагласувајќи дека не е работа на комисијата да донесе одлука за неговиот идентитет.

Блокадата на Бугарија на евроинтеграцијата на С Македонија го киднапира процесот на проширување на ЕУ, го загрозува кредибилитетот на Унијата и ги обесхрабрува другите земји кандидати. Потпишувањето декларации со кои аспирантите и земјите членки ќе се обврзат да не си го блокираат патот кон ЕУ во однос на билатералните прашања треба да биде стандард, оценува во коментар за МИА политичкиот аналитичар и експерт за Балканот, професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер. Сепак, додава, проблемот е повеќе во тоа што нема доволно земји во ЕУ кои се ентузијасти за проширувањето, кои се подготвени да притиснат и да извршат притисок врз своите колеги-членки за да се отстранат ваквите блокади.

Запрашан за позицијата на Софија која ја условува европската интеграција на нашата земја со прифаќање на бугарските корени на идентитетот и јазикот – непринципиелни барања што го нарушуваат правото на земјата за самоопределување, Бибер оценува дека таа е проблематична од три аспекти.

– Бугарската позиција е проблематична од три аспекти. Прво, таа поставува барања од Македонија, кои не треба да бидат предмет на политички одлуки и притисок меѓу земјите. Без оглед како да се толкува историјата, ова треба да биде работа на историчарите, инаку за историјата дискутираат аматери. Исто така, ја става историјата во служба на одредена нација. Второ, наметнување на национална историја на друг е малтретирање и исто така не е во согласност со добрососедските односи. Трето, ваквите прашања не треба да застанат на патот на пристапувањето во ЕУ бидејќи не се однесуваат на подготвеноста на Унијата за Северна Македонија. Со тоа се киднапира пристапот кон ЕУ. Земјите од Западен Балкан потпишаа двапати декларации со кои се обврзаа да не си го блокираат патот кон ЕУ во однос на билатералните прашања. Додека Бугарија нема потпишано, ова треба да биде стандард, вели Бибер.

Се разбира, додава тој, Бугарија има моќ да го искористи своето вето за ова прашање, а за историскиот спор вели не сака да навлегува, бидејќи постојат националистички и еднострани толкувања и во С Македонија и во Бугарија.

Тој оценува дека ветото ќе се одрази обесхрабрувачки на исполнувањето на реформската агенда на земјата, но и дека ќе има последици за евроинтегративниот процес за целиот регион на Западен Балкан.

За тоа во чиј интерес е да се блокира процесот на евроинтеграција, Бибер смета дека во случајов станува збор за кратковид националистички став на Софија. – Во овој случај, тоа е кратковид националистички став на сегашната бугарска влада. Мислам дека не е стратешки, бидејќи плаќа цена за таквата позиција во ЕУ и исто така ги нарушува нејзиниот кредибилитет и односите со С. Македонија. Постојат и други кои се скептични во однос на проширувањето, како што се Франција и Холандија. Сепак, не изгледа дека тие во моментов се „кријат“ зад бугарската позиција. Проблемот е повеќе во тоа што нема доволно земји кои се ентузијасти за проширувањето, кои се подготвени да притиснат и да извршат притисок врз своите колеги-членки за да се отстранат ваквите блокади, заклучува аналитичарот Флоријан Бибер во изјава за МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ