Санела Шријељ, шефица на Кабинет во Министерството за образование и наука на Денот на граѓанските организации, во организација на Цивика Мобилитас, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека обединување на различностите е возможно.
На прашањето колку и дали е возможно да се обединат различностите во нашето општество, кое е дел од иницијативата на ЦИВИЛ „Обединети во различност“, Шријељ додаде дека треба да се бориме за еднаквост во општеството.
„Различностите се богатството на едно општество. Она што ние како институции, заедно со граѓанските организации, заедно со секоја индивидуа треба да се бориме да го направиме е дека секој и дека секоја од различностите треба да има еднакви можности и еднаков пристап во општеството. Јас цврсто верувам дека заедништвото на различностите е возможно“, изјави Шкријељ.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа Б. Јордановска
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.