• Latest

Шахпаска: Отворањето на РЕХА Центарот во Струмица е пример за вистинска инклузија на лицата со попреченост на пазарот на трудот и општеството

December 3, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Отворањето на РЕХА Центарот во Струмица е пример за вистинска инклузија на лицата со попреченост на пазарот на трудот и општеството

December 3, 2020 15:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на првиот Центар за работно – ориентирана рехабилитација за лица со попреченост во Струмица, чие отворање е поддржано од  Швајцарската агенција за развој и соработка во  партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

„Кога говориме дека сакаме да изградиме едно општество за сите, тоа значи дека градиме општество кое што создава услови и можности за сите граѓани, да се вклучат во личниот и општествениот развој на еднакви основи. Лицата со попреченост претставуваат дел од нашите семејства, дел од нашето општество“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека носењето на социјалната реформа од страна на Министерството за труд и социјална политика и преку мерките предвидени со оваа реформа, се овозможува вистинска инклузија на лицата со попреченост во нашето општество.

Како и дека отворањето на Центарот е вистински пример како општествената заедница на локално ниво прави децентрализација на локалните услуги и креира политики за овозможување на лицата со попреченост да бидат вклучени на пазарот на трудот.

Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, ја истакна важноста на социјалната инклузија како еден од столбовите за создавање цврста основа на еднакви можности за сите.

„Оваа иницијатива претставува надградба на швајцарскиот придонес за градење социјална агенда на локално ниво, и секако е доказ за новата димензија на долгорочното партнерство помеѓу Швајцарија, Владата и УНДП за промовирање на вработувањето и создавањето  достојни можности за вработување за сите“, истакна Н.Е Сибил Зутер Техада.

Освен во Струмица, во рамките на оваа заедничка интервенција во делот на социјалната реформа и креирање нови социјални услуги, во државата е основан уште еден ваков Центар во рамки на Јавна установа за рехабилитација на лица со попреченост која испорачува услуги од ист тип за лицата со попреченост од скопскиот регион.

„Оваа интервенција во Струмица и Скопје овозможува два нови модели за испорачување на овие услуги во рамките на јавен и приватен давател на социјални услуги. Ова претставува поддршка на Владата во развој на јавно – приватните партнерства како иновативен механизам за испорачување социјални услуги и реално препознавање на правото за работа и вработување на лицата со попреченост на еднакви основи со сите“, истакна претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакјан.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ