„Партијата на европските социјалисти е разочарана што преговорите за пристапување во ЕУ за Република Северна Македонија се соочуваат со ран удар, по најавата на бугарската влада дека засега го блокира процесот Политичката мудрост на двете земји е ставен на тест – само јазикот на соработка и целосно разбирање на долгорочните перспективи во регионот може успешно да ја надмине оваа пречка“, се вели во изјавата на претседателството на ПЕС за состојбата во процесот на пристапните преговори.
Во изјавата ПЕС дава поддршка за Зоран Заев и неговата „храброст и лидерство додека бараше пат низ ќор-сокакот, давајќи го првиот сигнал дека е можен таков длабок дијалог“, меѓу Бугарија и Северна Македонија.
„Време е сите да постапат одговорно и со мудрост, водени од визијата за заедничка европска иднина. ПЕС е загрижена од зголемувањето на бранот национализам и десничарската реторика и во Бугарија и Северна Македонија која ги опкружува и води кон назадување на пристапните преговори. Луѓето во двете земји го помнат говорот на омраза во регионот за време на претходниот конзервативен влада на тогашната поранешна југословенска Република Македонија. Во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го наруши дијалогот со Бугарија, Грција и целиот регион, со што пристапот во ЕУ стана невозможен сон. Под нивни мандат, Северна Македонија доживеа една деценија замрзната интеграција и проблематични односи со соседните земји. Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжи да игра опасни политички игри со говор на омраза, предизвикувајќи конфронтации. Ова не е иднината што ја сакаат луѓето во Северна Македонија“, се вели во изјавата на Претседателството на ПЕС.
Тие додаваат дека Социјалдемократската влада на Зоран Заев ја водеше Северна Македонија кон почетна точка на преговорите со ЕУ и дека Заев останува најдобрата личност да го продолжи тој процес, доколку се даде шанса на земјата.