• Latest

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026 22:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на авторките Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, објавена на феминистичката платформа meduza.mk, е меѓу наградените трудови со признанието „Гласник на невидливите“, што го доделува Македонската платформа против сиромаштијата (МППС).

„Наследувањето имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се провлекува како традиционална пракса која речиси и не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето традиции, таа во својот корен негува начело на нееднаквост, кое опстојува во нашите ограничени перцепции за тоа што жените заслужуваат од своите семејства и колективи. Освен што се работи за очигледна дискриминација, темата за имотните права на жените задира длабоко во родовата нееднаквост, како на личен, така и на политички план“, се вели во воведот на наградената сторија.

Податоците од 2023 година нагласуваат значителни родови разлики во земјава – мажите сочинуваат дури 71% од имотната евиденција, наспроти скромните 29% кај жените, што е конзистентен тренд во сите региони. Дополнително, истражувањето на Националната федерација на фармери покажува уште попоразителна статистика:

  • Во руралните области, само 4% од жените се носители на сопственички права, и тоа најчесто откако ќе останат вдовици.

Истражувањата ја потврдуваат родовата шема и кај изјавите за откажување од наследство, каде што жените во огромен број се откажуваат од својот дел во корист на братот. Ова е директен резултат на патријархалната култура во која имотот традиционално му припаѓа на синот, па ќерките уште при оставинските постапки се лишуваат од она што законски им следува.

Со цел подлабоко да ги истражат овие динамики, авторките спровеле анкета и разговарале на терен со жени од различни возрасти, етнички заедници и социјални групи.

Нивните сведоштва и сличните судбини зборуваат за токсични семејни динамики кои жените ги носат на своите плеќи, заложувајќи ја сопствената иднина. Овие приказни јасно укажуваат на итна потреба државата да се освести за важноста на ова прашање. Како што се наведува во сторијата, потребно е темата да се отвори низ образовниот систем, но и преку насочени кампањи и програми, пред сѐ, во надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади. По воведниот дел, во сторијата следуваат десетици потресни лични сведоштва.

Останати наградени автори и стории:

Покрај Фрчкоска и Стевковска, со признанието „Гласник на невидливите“ годинава се здобија и следниве автори:

  • Бојан Шашевски – „Училниците уште не се ’проветрени‘ од дискриминацијата кон атипичните деца“

  • Ирина Крстевска – Фотосторија: „ГМП – Пат кон зависност и сива економија, наместо излез од сиромаштија?“

  • Михаил Милошевски – „Периките на хуманитарката Сашка Кузманова кои со пари не се купуваат“

  • Љубица Иванова – „Наставничката Маја е единствената вработена која се грижи за сите услови во училиштето во село Маврово“

  • Магдалена Стојмановиќ-Константинов – „Замаглените лица на сиромаштијата”

  • Слободан Иванов – „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата ’Глаголички откровенија‘ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“

  • Сунчица Стојановска Зоксимовска – „Македонци на ’фармацевтски туризам‘ во Косово и во Србија за поевтини лекови“

ЦМ Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ