• Latest
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026 15:48
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

По речиси три недели институционален молк и тактичко оддолжување, Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова конечно испрати некаков „одговор“ до Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Наместо прецизни одговори на сериозните прашања за безбедносниот пробив, инфилтрацијата во ИТ-системите и индициите за организирано прикривање на докази, јавноста доби лаконско упатување кон член 289 од Законот за кривична постапка (ЗКП) и кон претходно изречените, крајно нејасни ставови на самата Претседателка.

Се работи за класичен пример за институционална евазија и бегство од одговорност кога се во прашање виталните национални и НАТО безбедносни интереси.

Криење зад ЗКП: Што навистина премолчува Кабинетот?

Во дописот до ЦИВИЛ, Кабинетот се повикува на законската одредба дека „сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна“.

ЦИВИЛ Медиа одлично ги познава законските рамки и во ниту еден момент од Кабинетот не побара информации кои се во ексклузивна надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Нашите прашања беа упатени директно до институцијата Претседател, во чиј скут се случи безбедносниот скандал.

Премолчувањето на прашањата за тоа дали се преземени внатрешни безбедносни процедури и дали е извршена контраразузнавачка евалуација на штетата врз комуникациските канали со НАТО, не може да се покрие со членот 289 од ЗКП. Тоа е прашање на внатрешна одговорност на Кабинетот, а не на истражните органи. Исто така, Кабинетот одби да се изјасни за сериозните наводи во кривичната пријава кои директно го инволвираат Генералниот секретар Ѓорѓи Божинов и високи структури на Агенцијата за разузнавање во обид за уништување и криптирање на електронските докази. Повикувањето на „тајност на предистрагата“ во овој контекст мириса на институционално соучесништво во молкот.

Од „збунетост“ до тотална нереспонзивност

Уште потрагикомичен е обидот на Кабинетот да нè упати кон јавно искажаните ставови на Сиљановска-Давкова. Да потсетиме, во своите единствени изјави на оваа тема, Претседателката и Врховен командант изјави дека е „малку збунета со одговорите на новинарските прашања или со објавите кои доаѓаат токму од Обвинителството“, додавајќи дека „во предистражната постапка малку се зборува, многу се работи“.

Како уреднички тим, должни сме да го поставиме суштинското прашање: Дали шефот на државата и Врховен командант на НАТО-армија смее да си дозволи луксуз во јавноста да настапува како „збунет“ набљудувач на безбедносен упад во сопствената куќа?

Упатувањето кон нејзината „збунетост“ како официјален став на институцијата е навреда за интелигенцијата на граѓаните и сериозен аларм за нашите меѓународни сојузници. Додека Обвинителството и МВР си ја префрлаат топката, а Претседателката јавно ја споделува својата дезориентираност, времето тече, а во дигиталната форензика, како што веќе предупредија експертите за ЦИВИЛ, секое доцнење овозможува трајно бришење и презапишување на системските логови.

Зад бучната реторика на Премиерот и медиумските шпекулации, останува загрижувачкиот молк на институциите. Кабинетот на Претседателката Сиљановска-Давкова и Кабинетот на Премиерот, како и Јавното обвинителство, и понатаму молчат и одбиваат да одговорат на прашањата на ЦИВИЛ Медиа.

Во овој оркестриран институционален мрак, единствениот „експресен“ одговор до ЦИВИЛ Медиа пристигна од Агенцијата за разузнавање. Но, и нивното брзо оградување — во кое тврдат дека немаат законски надлежности за внатрешната безбедност на Кабинетот на Претседателката и нè упатуваат на Обвинителството — само ја потврдува тактиката на префрлање на топката. Додека Агенцијата за разузнавање брза да ги измие рацете од наводите за вмешаност на нивни раководни лица во прикривање на доказите, суштината останува иста: ниту една институција не презема реална одговорност за безбедносната компромитација пред НАТО сојузниците.

Хронологија на една организирана евазија

Анализата на однесувањето на власта во изминатиот месец јасно ја потврдува тезата што ЦИВИЛ Медиа ја пласираше уште на почетокот на оваа афера. Сведочиме на добро координирана операција за „убивање“ на сторијата, која се одвива во неколку фази:

Фаза 1: Брутална партизација и деградација | Премиерот Христијан Мицкоски веднаш ја презеде улогата на судија, прогласувајќи ги инволвираните за „шпионски талог“ и „глодари од минатото“, со цел случајот да се сведе на банална меѓупартиска кавга.

Фаза 2: Медиумско заматување | Провладините мегафони веднаш пуштија информативен шум, измислувајќи инволвираност на француски, турски и српски служби, со цел целосно да се елиминира и скрие рускиот контекст на безбедносниот пробив.

Фаза 3: Институционален ѕид од молк | Кабинетот на Претседателката, Владата и Обвинителството со недели одбиваат да дадат одговор – или не кажуваат ниту збор или одговорите се делумни или манипулативни, чекајќи јавноста да се замори од темата.

Фаза 4: Бирократско отфрлање | Кога молкот стана неодржлив поради притисокот од ЦИВИЛ, Кабинетот прибегна кон бирократски изговори и криење зад правни формули од ЗКП.

Официјалниот допис од Кабинетот на Претседателката не е одговор, туку дијагноза за состојбата во која се наоѓаат нашите институции. Тој потврдува дека кога проруските структури во власта веќе отворено ги диктираат државните политики по терк на Москва и Белград, клучните лостови на системот се ставени во функција на нивна заштита преку намерно заматување, игнорирање и опструкција на вистината.

Криењето зад членот 289 од ЗКП, исклучувањето на службените мејлови и професорските носталгии за минатото нема да ја тргнат одговорноста од надлежните. Граѓаните имаат право да знаат кој ја шпионира државата, кој им ги испорачува безбедносните системи на НАТО на тацна на Кремљ и кои се „инсајдерите“ во институциите кои ја кочат правдата.

 


ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ ПРИЛОЗИ

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“ (ЛИНК)

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва (ЛИНК)

ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера (ЛИНК)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците (ЛИНК)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена (ЛИНК)

 


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ