• Latest

ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

May 21, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

По официјално испратените прашања од редакцијата на ЦИВИЛ во врска со наводите за безбедносен пробив во Кабинетот на Претседателката Сиљановска-Давкова, Агенцијата за разузнавање (АР) реагираше со експресен одговор до нашата редакција.

May 21, 2026 12:07
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Редакцијата при медиумската платформа на ЦИВИЛ утринава упати официјален допис до Агенцијата за разузнавање (АР) со барање за став по три клучни прашања поврзани со актуелната безбедносна афера: наводите за присуство на нивни високи припадници при првичните интервенции во Кабинетот, оперативните сознанија за потенцијална вклученост на руската разузнавачка служба (СВР) и координацијата со НАТО сојузниците за проценка на штетата.

Во одговорот што пристигна до нашата редакција веднаш по испраќањето на прашањата, Агенцијата за разузнавање децидно ја отфрла инволвираноста на своите припадници во случајот. Одговорот го пренесуваме интегрално:

„Почитувани,

Во врска со Вашите прашања, ставот на Агенција за разузнавање е следниот:

Агенција за разузнавање отфрла каква и да било инволвираност на свои припадници во веста што првично беше објавена на 19.05.2026 г., во некои медиуми и социјални мрежи за евентуално компромитирање класифицирани информаци и НАТО комуникации.

Во своето работење, Агенцијата, доследно ги применува сите законски стандарди и протоколи за соодветно ракување и заштита на nationalните и НАТО класифицираните информации.

Со почит,

АР“

Од содржината на кусиот допис на Агенцијата за разузнавање е видливо дека институцијата се фокусира исклучиво на отфрлање на наводите за вмешаност на нејзини припадници во настаните во Кабинетот.

Во официјалниот одговор на АР нема конкретен коментар за преостанатите две прашања упатени од ЦИВИЛ, кои се однесуваа на оперативните сознанија на Агенцијата за руската врска во дигиталниот упад, како и за евентуалните вонредни мерки што се преземаат во координација со НАТО алијансата за заштита на компромитираните сојузнички податоци.

ЦИВИЛ продолжува да го следи развојот на настаните и во текот на денот ги очекува одговорите на истите прашања кои беа уредно испратени и до Кабинетот на Премиерот и до Основното јавно обвинителство.

Џабир Дерала

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ