• Latest

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

May 21, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

May 21, 2026 10:10
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter
  • Додека надлежните безбедносни институции и Обвинителството водат официјални постапки за наводен безбедносен пробив во Кабинетот на Претседателката на РСМ, политичкиот врв излезе со груби дискредитации кон „структури од минатото“.
  • Новите материјали кои циркулираат во безбедносните сектори отвораат сомнеж за организирана мрежа на партиско-институционално прикривање во која се вклучени високи функционери од актуелната власт.

Пишува: Џабир Дерала

Јавноста во Северна Македонија се соочува со еден од најсериозните скандали од безбедносната сфера во поновата историја. Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) веќе официјално потврдија дека се постапува по случај поврзан со неовластен пристап и преземање податоци од ИТ-системите во Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Во центарот на истрагата е ангажиран ИТ-администратор во Кабинетот, за кого постојат основани сомневања дека неовластено ги копирал и енкриптирал доверливите државни податоци со намера за нивно понатамошно предавање на странска разузнавачка структура од Руската Федерација. Со оглед на тоа што државата е полноправна членка на НАТО, овој случај предизвика сериозен аларм во безбедносните заедници поради ризикот од компромитирање на класифицирани сојузнички информации.

Врз основа на наводите од неофицијални извори и материјалите доставени од безбедносните служби до кои дојде нашата редакција, хронологијата на овој случај се развива во неколку клучни фази:

Дигитален упад

Осомниченото ИТ-лице во Кабинетот на Претседателката, Драган Лаковски, користејќи ја својата службена позиција, во повеќе наврати неовластено пристапувал до заштитени електронски податоци, ги копирал и ги складирал на надворешни медиуми. Според пријавата, оперативните сознанија укажуваат дека крајната дестинација на овие податоци била руската разузнавачка служба (СВР).

Пријава и обид за саботажа

Активностите на Лаковски биле воочени од друго ИТ-лице во институцијата, по што веднаш бил известен Одделот за компјутерски криминал во МВР.

Според наводите од неофицијални извори, постои сомневање дека е извршен обид за прикривање на случајот и уништување или компромитирање на електронските форензички докази.

Наводни политички притисоци врз Обвинителството и Претседателката

Откако случајот влегува во институционална процедура, наводно бил извршен силен политички притисок преку телефонски контакти.

Барањето било случајот да биде затворен без одредување мерки за притвор и без спроведување на целосна, независна дигитална истрага.

Во материјалите со кои располага ЦИВИЛ, се наведува дека и до претседателката Сиљановска-Давкова се упатени директни закани со импичмент.

Мицкоски со контранапад – „глодари“ и „шпионски талог“

И покрај тоа што МВР потврди дека веќе се извршени службени разговори со вработени во претседателскиот кабинет и дека Обвинителството има отворено предмет, премиерот Христијан Мицкоски вчера излезе со груба политичка дискредитација на целиот случај.

Наместо да понуди одговори за инволвираноста на негови блиски соработници во Владата и Кабинетот, тој вината ја префрли кај „структури од минатото“ и упати тешки навреди кон луѓето кои го пријавиле случајот, нарекувајќи ги „глодари“ и „шпионски талог“, а со прст покажа и кон шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази.

„Па, видете, тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото, коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери и така натаму. И тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителства. Се разбира, таму е Ислам Абази, веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари, бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме“, изјави премиерот Мицкоски.

Контрастот меѓу реториката на власта и материјалните докази

Обидот на премиерот да ја минимизира аферата како „анонимен допис од глодари“ се судри со содржината на документите до кои дојде нашата редакција. Извори од безбедносните сектори брифираат дека поднесувачите на пријавата се загрижени професионалци внатре во МВР кои стравуваат од целосна партизација и затворање на случајот без правна разрешница.

Документот кои е во посед на нашата редакција јасно покажува дека пријавата не таргетира „кадри од минатото“, туку актуелни, клучни фигури во сегашната власт кои се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба за да спречат дигитална форензика, одземање на телефони и уреди, како и проверка на VPN-записите и НАТО комуникациите.

Како медиумска платформа која доследно ги следи хибридните закани и владеењето на правото, утринава упативме официјални и одделни барања за информации од јавен карактер до Кабинетот на Премиерот, Агенцијата за разузнавање и Основното јавно обвинителство, со цел институциите да дадат прецизен одговор на клучните прашања поврзани со оваа шпионска афера. Исто така, Редакцијата се обрати и до релевантни експерти во областа на безбедноста и одбраната. Одговорите, доколку пристигнат, ќе бидат објавени интегрално во текот на денот.

 


Поддршка за ЦИВИЛ

Tags: Мицкоскируски службиСилјановска Давковашпионажа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ