• Latest
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

May 21, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

May 21, 2026 13:01
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа се обрати со три прашања поврзани со шпионската афера што ја тресе земјата до истакнати експерти и јавни интелектуалци. На прашањата одговори проф. д-р Оливер Андонов, истакнат експерт во областа на безбедноста и одбраната, колумнист и лидер на Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашиот соговорник ѝ се заблагодари на Редакцијата за довербата што му е укажана да го даде своето мислење на оваа тема.

„Ви благодарам за довербата да ви го искажам моето мислење во врска со еден ваков настан кој е скандал од големи размери по самата своја појава, без разлика колку е реално, односно колку ние како јавност и вие како медиум ќе можеме да дојдеме до вистината“, пишува проф. Андонов во својот одговор до Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како земја членка на НАТО, какви безбедносни стандарди мора да се применат при ангажирање на ИТ-администраторите кои имаат пристап до мрежите во највисоките државни институции, како што е Кабинетот на Претседателот и Врховен командант на армијата?

ОЛИВЕР АНДОНОВ: Во секој случај, без разлика дали се работи за ИТ-секторот или за кој било дел од администрацијата која работи во безбедносниот сектор, посебно во системот на НАТО, се применуваат повеќе нивоа на безбедносни стандарди – од стандардите на домицилната држава за нивото на пристап до информации, па сè до НАТО безбедносен стандард за работа во структурите на Алијансата.

Мора да напоменам дека ИТ-одделите во безбедносните структури на Македонија, како земја членка на НАТО, имаат врска и со обезбедување поддршка на комуникациите со НАТО повторно на различни нивоа. На ниво на Претседател на државата, тоа е највисоко ниво на заштитена комуникација, чии пристапни шифри ги знаат само двајца луѓе од ИТ-секторот. Оттука, безбедносните стандарди мора да бидат исклучително високи и усогласени со барањата, принципот и методологијата на работа на НАТО.

ЦИВИЛ МЕДИА: Доколку во една државна институција од ваков ранг се појават сомневања за копирање и енкриптирање податоци со цел нивно предавање на трета (странска) страна, колку е ранлив нашиот систем на т.н. внатрешни закани (insider threats) и кои се првите чекори што контраразузнавањето мора да ги преземе?

ОЛИВЕР АНДОНОВ: Ова е исклучителен и највисок безбедносен ризик во кој е вклучено човечко разузнавање кое може да ги изврши копирањата и енкрипциите, и тоа токму од непосредните лица кои се овластени и имаат допир до шифрите и протокот на информации.

Во нормална држава, првиот систем на заштита мора да биде во самите простории каде што се сместени уредите, со строга контрола со нула толеранција за внес и изнес на електронски средства за копирање и снимање податоци. Второто ниво е работата на контраразузнавачката служба – во нашиот случај Агенцијата за национална безбедност (АНБ), која за овие лица (кои и самите се под ризик бидејќи се цел на странски разузнавачки служби) води посебни протоколи за нивна контраразузнавачка заштита, за кои методи и постапки на службата и самите лица не се свесни и не знаат.

Кога ќе дојде до ситуација каква што е во моментов, контраразузнавачката служба мора брзо да реагира и да спроведе целосна контраразузнавачка операција, а не сè да се остави на политички коментари. Очигледно е дека ниту АНБ, која е задолжена за контраразузнавачка работа, ниту Агенцијата за разузнавање (АР), која има свој контраразузнавачки оддел, не си ја завршиле работата ниту превентивно, ниту подоцна. Прашањето сега е колку реално долго трае оваа состојба за која ние деновиве дознаваме.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во ситуација кога има сомнеж за дигитален упад или шпионажа, дали ненавременото одземање на уредите и одложувањето на дигиталната форензика може трајно да ги уништат доказите (логови, VPN записи) и како тоа влијае врз кредибилитетот на државата пред сојузниците?

ОЛИВЕР АНДОНОВ: Секако, токму затоа и велам дека со целата постапка очигледно се доцни и можеби намерно се води погрешно. Ние сега дознаваме за оваа состојба и како јавност сè уште не можеме да добиеме точни информации дали сето ова е точно и колку долго трае, затоа што одговорите и на овие прашања повлекуваат политичка и стручна одговорност на многу институции и органи во државата. Несомнено е дека сето ова го урива кредибилитетот на државата и нè прави несигурен партнер во очите на сојузниците, што ќе резултира со рестрикција на соодветни доверливи информации за Македонија.

Се добива впечаток дека одговорот на безбедносните прашања се насочува кон политичко толкување со цел да се прикаже дека информацијата во јавноста од „група вработени во МВР“ кои поднеле кривична пријава е лажна. Како и да е, самата оваа состојба ќе предизвика недоверба кон македонските институции од страна на сојузниците, бидејќи задача на контраразузнавањето е и да спречи ширење на дезинформации (доколку е така, но се сомневам) кои имаат токму за цел уривање на довербата и интегритетот на институциите на државата, и тоа во овој случај во односите со НАТО.

На крајот останува да видиме дали некој ќе побара одговорност од задолжените за безбедност во државата за целата оваа, да ја наречеме афера, која во секој случај нанесе штета врз Македонија и нејзиниот кредибилитет.

Џабир Дерала

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера


Поддршка за ЦИВИЛ

Tags: Агенција за национална безбедностАгенција за разузнавањеНАТОшпионска афера
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ