• Latest

Џафери го поздрави конститутирањето на Клубот за младински прашања и политики

December 4, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џафери го поздрави конститутирањето на Клубот за младински прашања и политики

December 4, 2020 12:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска го поздрави одржувањето на конститутивната седница на Клубот за младински прашања и политики, на членовите им посака плоден и успешен мандат, но и постигнување на завидни резултати во исполнувањето на правата на младите.

Тој во своето обраќање по повод одржување на конститутивната сендинца, потсети на Законот за младинско учество и младински политики, на резултатите од работата на претходниот клуб во насока на промовирање и застапување на младинските интереси на меѓународните настани и со самото тоа актуализирање на Клубот, и на формирањето на Регионалната мрежа на Парламентите од Западен Балкан на Младински клубови, чија цел како што рече, е поврзување на сите Клубови за младинската агенда да биде ставена високо во приоритетите на Унијата и на земјите од Западен Балкан.

Според Џафери, и билатералните младински канцеларии за соработка, кои се дел и обврска од имплементацијата на Договорот од Преспа, се дополнителен импулс и енергија за воспоставувањето на интензивната взаемна соработка на младите од соседството, регионот и пошироко.

-Ве упатувам да ги искористите сите можности што ви се на располагање, да бидете отворени, да продолжите да се координирате и брифирате со институциите во однос на обврските произлезени од Законот за младинско учество и младински политики, за тоа дали успеваат да го спроведат како што е донесен, дали наидуваат на тешкотии, дали можеби има потреба да се направи измена или дополнување со цел да се прилагоди на ситуацијата на терен, затоа што се разбира, не секогаш теоријата соодветствува со праксата, а покрај тоа, ситуациите се менуваат, потребите се менуваат, посочи Џафери.

Тој додаде дека е важна улогата како законодавци, да бидат нишката која ќе ги поврзува сите засегнати страни, за крајниот резултат да биде од полза за сите млади.

-Бидете нивниот глас, поддршка и врата на која ќе можат слободно да тропнат и да го споделат својот проблем, додаде Џагери.

Како што посочи, се надева оти во новата програма за работа на Клубот за младински прашања и политики, ќе се посвети доволен простор и внимание на актуелната ситуација со Ковид-19, и дека своите активности членовите ќе ги насочат кон градење на позитивна клима за работа, со усогласени и заеднички постигнати цели за исполнување во наредниот период на работа на Клубот.

-Дозволете да ви честитам на конституирањето и да Ви посакам да постигнете завидни резултати во исполнувањето на правата на младите, бидете инвентивни, креативни и истражувајте најразлични начини да допрете до младите и да го доближите Клубот за младински прашања и политики до нив. Бидете добар пример и за нив, и за нас повозрасните колеги во Собранието, а ние ќе бидеме до вас на секој ваш иден чекор и преземена иницијатива, додаде Џафери./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ