• Latest

Светски ден на волонтерство

December 5, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Светски ден на волонтерство

December 5, 2020 13:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на волонтерството – 5 Декември секоја година се одбележува со пригодни активности во движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. На овој ден ширум светот се организираат најразлични активности за да им се оддаде признание на волонтерите за нивниот придонес и волонтерска работа за помош и поддршка на различни категории на население кои ги помага Црвениот крст.

Како резултат на пандемијата со Ковид-19, вчера Црвениот крст организираше онлајн вебинар настан за одбележување на Светскиот ден на волонтерството под мотото „За сите наши волонтери“. Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на настанот и во име на Црвениот крст на сите волонтери им го додели Признанието насловено „За сите наши волонтери” за севкупниот придонес во обезбедувањето поддршка за различни целни групи на население погодени од пандемијата со Ковид-19 во Република Северна Македонија.

-Дозволете ми, во името на сите граѓани да им кажам едно големо благодарам на сите волонтери за нивната пожртвуваност, одговорност и посветеност. Сево ова е посебно видливо во овие вонредни услови во кои се наоѓаме заради пандемијата на Ковид-19, кога ни се потребни сите материјални, медицински, но, пред се, човечки ресурси, порача претседателот Пендаровски.

Честитајќи го Меѓународниот ден на волонтерството, претседателот Пендаровски посочи дека волонтерите на Црвениот крст кои се вклучени во помош и поддршка на луѓето кои се во незавидна состојба како резултат на пандемијата, претставуваат мотив и инспирација за сите останати и позитивен пример што ја враќа надежта во човечноста и хуманоста.

-Денес, кога целиот свет се бори со пандемија, треба сите да покажеме солидарност и одговорност, затоа што само преку развиена колективна свест ќе постигнеме заеднички напредок, им порача претседателот Пендаровски на волонтерите од Црвениот крст и истакна дека нашата држава се гордее со сите нивни досегашни активности и придонес во унапредување на добросостојбата на сите граѓани.

Претставниците од Црвениот крст изразија благодарност до претседателот Пендаровски за неговата континуирана поддршка на сите социјални и хумани активности на нивната организација.

Организацијата „Младите можат“ денеска со почеток во 13:00 часот организира онлајн настан на кој ќе се дебатира за волонтерските активности во нашата заедница, за одржливоста на волонтерските активности и можности и за тоа каква поддршка им е потребна на волонтерите. Покрај тимот на „Младите можат“, ќе бидат и Ирина Јаневска претседателка на Здружението за социјални иновации АРНО и Никола Јовановски, волонтер, активист, поборник за заштита на животната средина, член на УО на „Младите можат“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ