• Latest

Царовска: Започнаа подготовките за меѓународните ПИСА и ПИРЛС тестирања во 2021 година

December 7, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Започнаа подготовките за меѓународните ПИСА и ПИРЛС тестирања во 2021 година

December 7, 2020 14:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел да ги подобриме резултатите на меѓународните тестирања -пробното ПИСА тестирање во 2021 и редовното тестирање за ПИРЛС кое исто така се спроведува идната година, веќе посветено и активно работиме и со наставниците и со учениците и директорите на училиштата кои се клучот до успехот, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција на која беа презентирани активностите за успешна реализација на двете меѓународни тестирања.

„Спроведени се обуките на одделенските наставници на четвртооделенци кои ќе бидат опфатени со тестирањата ПИРЛС во 2021 година. Истовремено со процесот за обука за ПИРЛС течат и обуките на наставниците од средните училишта за ПИСА тестирањето идната година кое ќе биде пробно“, нагласи Царовска.

Меѓународната студија ПИРЛС ја проверува оспособеноста на учениците од 9-10 годишна возраст за читање со разбирање, а Република Северна Македонија во тестирањето ќе учествува заедно со околу 50 држави од целиот свет. Од него се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците. ПИСА тестирањето ги проценува способностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле во секојдневниот живот и се проведува на возраст од 15 години. Тоа не потврдува само дали учениците можат да го репродуцираат своето знаење, туку испитува и колку добро можат да го искористат наученото во непознати ситуации, во училиште и надвор од него.

„Резулатите на меѓународните тестирања секогаш се одраз на тимска работа, во која се мотивираниот учител и наставник и добрите наставни планови и програми. Тоа е суштината на реформата што ја спроведуваме и има за цел да го подобри квалитетот на образовниот систем“, посочи Царовска.

Резултатите од овие тестирања се важни како патоказ во која насока треба да се подобрува и унапредува националниот образовен процес. Зборувајќи за реформите во образованието, министерката Царовска информираше дека со нив нашиот образовен систем се прилагодува на  современите  светски  образовни практики. Царовска потенцираше дека секој од нас го сака најдоброто за децата, односно сите се стремиме тие да бидат на исто рамниште на знаења и способности со најдобрите во светот, а резултатите од меѓународните тестирања да станат наша национална гордост.

Директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска рече дека за нив, како институција која спроведува екстерна евалуација на постигањата на учениците, овие меѓународни тестирања се референтен извештај за квалитетот на образованието. Координаторката за меѓународни тестирања во ДИЦ Бети Ламева, рече дека реформите во образованието се насочени кон поттикнување на учениците критички да размислуваат, да решаваат проблеми, да применуваат знаења во реални ситуации, како и кон јакнење на воннаставните активности кои битно влијаат врз постигањата на учениците и нивните трајни знаења.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ