• Latest

Гир: Заеднички интерес е меѓувладината конференција да биде закажана што порано

December 7, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир: Заеднички интерес е меѓувладината конференција да биде закажана што порано

December 7, 2020 15:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир, денеска на прес-конференција рече дека тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија. Се разбира во наш и во ваш интерес е овој датум да биде закажан што порано, рече Гир.

-Во март минатата година сите 27 земји-членки на ЕУ тогаш одлучија дека Северна Македонија е подготвена да ги започне пристапните преговори со Европската Унија. Тогаш таа одлука беше донесена, а тоа што сега треба да се направи е да се усвои преговарачката рамка за вашата земја и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу вашата земја и Европската Унија, истакна Гир, додавајќи оти и од заеднички интерес е овој датум да биде закажан што порано.

Според него, сето тоа одзема време, но најважно е, како што рече, дека перспективата за евроинтеграцискиот процес на земјава не се доведува во прашање.

-Она што е најважно е вашата земја да продолжи на реформскиот пат и да го направи тоа што е можно побрзо затоа што тоа не е во интерес само на ЕУ, туку е во интерес на граѓаните на Северна Македонија. И се разбира дека е исклучително важно и да се продолжи дијалогот со Бугарија, што ќе биде во духот на Договорот за добрососедство. Во овој момент не е прашање дали РСМ ќе ги отпочне преговорите со ЕУ, туку прашањето сега е само кога, подвлече Гир.

Претходно, висок дипломатски извор на ЕУ, кој ги брифираше дописниците во Брисел утрово, порача дека бугарската блокада поради билатерален спор со Северна Македонија ја фрустрира цела Европска Унија, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај сите дипломатски обиди, Бугарија не попушта за непринципиелното вето што ѝ го поставува на Северна Македонија за билатерални спорови, поради што целата дискусија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е отстранета од дневниот ред на министрите за европски работи утре во Брисел. Ова ја вклучува и Албанија која се надеваше на некаков напредок во однос на својата преговарачка рамка со ЕУ. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ