Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски заедно со Извршниот директор на Центар за граѓанска иницијатива, Гоце Тодороски, денес имаа прес конференција на која го означија почетокот на акцијата за доделување на помош на ученици од ранливи категории кои имаат проблем со следење на online наставата. Оваа акција ЦГИ – Прилеп ја организира во рамките на проектот „Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани групи фаза II“ кој е финансиран од Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Имено, во двете средни училишта во Припеп, СОУ „Орде Чопела“ и СОУ„ Ѓорче Петров“, на ученици кои се од ранливите категории и кои имаат проблем со следење на online наставата им се доделија таблет-уреди, а се најавија и други акции за помош на ученици во време на пандемија.


Извршниот директор Гоце Тодороски изрази голема благодарност до Општина Прилеп за континуираната соработка и поддршка, а посебно се заблагодари на донаторот Германска Амбасада во Скопје при Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Во својата изјава Тодороски кажа дека денес ќе се поделат 34 таблети, но истиот проект вклучува помош за 111 социјално загрозени семејства со приоритет на Ромите од Општина Прилеп, односно два пати донација на пакети со хигиенски неопходни средства кои за скоро ќе бидат поделени.


Тодороски потенцира дека покрај помошта во рамките на овој проект се дава и психосоцилајно и правно советување на жртви на родово базирано насилство и лица кои излежале казна затвор.
![]()
![]()












