• Latest

Пендаровски: Почитување на човековите права секаде и секогаш, без исклучок

December 10, 2020
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Пендаровски: Почитување на човековите права секаде и секогаш, без исклучок

December 10, 2020 11:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Не смееме да бидеме рамнодушни и да игнорираме какво било непочитување на основните човекови права, што може да ескалира во која било форма на насилство. Секој од нас е должен да даде јасна поддршка на активистите и борците за човекови права. Слободата на мисла, совест и религија, на изразување и собирање, социјалните, економските и културни права се дел од фундаменталните, неотуѓиви и меѓузависни човекови права и слободи кои се бедем против обидите за нарушување на интегритетот на личноста, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски во пораката по повод 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Одбележувајќи го Меѓународниот ден на човековите права, вели претседателот, се потсетуваме дека овие универзални придобивки се родија од најголемите кризи на човештвото.

– Напишана во свет кој се опоравуваше од ужасите на Втората светска војна, Универзалната декларација за човековите права беше првиот глобален документ којшто создаде морална обврска за почитување на вроденото достоинство и еднаквост на секој човек. Од тоа достоинство произлегува правото на живот, слобода, лична безбедност, еднаквост пред законот, пишува Пендаровски.

Сепак, милиони луѓе, вклучително и наши граѓани, укажува претседателот, не ги уживаат универзалните права поради низа структурни нееднаквости и системски неправди, поради говор на омраза, дискриминација, насилство и нетрпеливост кон различностите.

Меѓународниот ден на човековите права годинава се одбележува во време на пандемија на Ковид-19, којашто уште повеќе, вели Пендаровски, го нагласи значењето на доследното почитување на правата на сите луѓе, без разлика на родот, расата, попреченоста, религијата, политичкото убедување, сексуалната ориентација, националното или социјално потекло, социјалниот или друг статус.

– Со уште поголема посветеност да се залагаме за заштита на човечкото достоинство, со посебно внимание кон ранливите членови на нашето општество. Човековите права треба да се почитуваат секаде и секогаш, без исклучок, напиша претседателот Пендаровски во пораката по повод Меѓународниот ден на човековите права. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ