• Latest

Прес на ЦИВИЛ во 11 часот: Во Штип, расфрлени флаери за бојкот на изборите, брендирани партиски возила пред гласачко место, агитирање на социјалните мрежи, во Пласница мирно

December 13, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прес на ЦИВИЛ во 11 часот: Во Штип, расфрлени флаери за бојкот на изборите, брендирани партиски возила пред гласачко место, агитирање на социјалните мрежи, во Пласница мирно

December 13, 2020 11:32
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според набљудувачите на ЦИВИЛ од општина Пласница, сите 8 избирачки места се отворени на време. До 10:45 часот не се забележани нерегуларности во спроведувањето на изборните активности во оваа општина. Еден од нашите набљудувачи изрази позитивно изненадување со високото ниво на почитување на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

Што се однесува до гласањето во општина Штип, каде што имаме 77 ИМ, исто така, се бележи мирен и регуларен почеток на изборниот ден. Повеќе од 30 избирачки места (околу 50%) кои ги посетија набљудувачите на ЦИВИЛ во 7 часот, отвориле на време.

Избирачките одбори се погрижија да ги отстранат графитите од ѕидовите на избирачките места 2288 во населбата „Три Чешми“, како и на ИМ 2281 во населба „Македонка“, ПОУ „Тошо Арсов“.

На социјалните мрежи трае кампањата за поддршка на одделни кандидати за градоначалник. Во кампањата се вклучени симпатизери и партиски членови, но и партиски функционери.

ЦИВИЛ апелира до сите граѓанки и граѓани, а особено до политичките партии, да се воздржат од агитирање за време на изборниот молк, бидејќи тоа е спротивно на Изборниот законик и на добрите изборни практики. Сосема е коректно ако се повикува да се искористи правото на глас, но неприфатливо е агитирање во корист на било кој од кандидатите.

Во текот на изминатите 24 часа, мониторингот на ЦИВИЛ бележи грубо кршење на изборниот молк со црна пропаганда и повици на бојкот на гласањето во Штип.

Во населбата „Македонка“ во непосредна близина на избирачкото место 2281 во ПОУ „Тошо Арсов“ минатата ноќ се расфрлани флаери со црна пропагандна содржина и пораки за бојкотирање на изборите.

Во близина на градинката „Астибо – сончогледи“, на ИМ 2250, 2250/1 е забележено групирање на лица кои евидентираат кој доаѓа на гласање.

Пред училиштето „Вера Циривири – Трена“, на избирачките места 2249, 2249/1 2250, 2250/1, се забележани партиски возила кои се брендирани со плакати на еден кандидат за градоначалник.

Се бележи дека дел од гласачите не ги почитуваат здравствените протоколи во целост, односно не се дезинфицираат при влез или излез од избирачкото место 2251 во ОУ „Димитар Влахов“.

Исто така, на неколку места се бележи и дека дел од членовите на избирачките одбори не ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

ЦИВИЛ апелира на максимално придржување кон здравствените протоколи и потсетува дека обврска на избирачките одбори е да се грижат и за почитување на мерките.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ