• Latest

Предлог законот за попис денеска пред Собрание

December 14, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предлог законот за попис денеска пред Собрание

December 14, 2020 09:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска треба да ја одржи 25-тата седница на чиј дневен ред е Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија со европско знаменце.

Законот во прво читање помина на Комисијата за европски прашања, со десет гласа за и ниту еден против и воздржан.

Членовите на Комисијата од опозицијата се согласија дека има потреба од донесување вакво законско решение, но искажаа повеќе забелешки на предлогот и најавија амандмани за подобрување на текстот на законот. Забележаа дека треба да се отстранат сите недостатоци на текстот, со цел како што нагласија, да се избегне политизација на оваа статистичка операција.

Според нив, вака како што е предложен законот остава можност за сомнеж за политичко влијание и побараа организирање јавна расправа со цел да се чуе мислењето на експертите по ова прашање и да се донесе квалитетно законско решение.

Пратениците од власта, истакнаа дека не треба однапред да се даваат квалификации за овој процес. Пописот, нагласија, ни е повеќе од потребен со оглед на тоа што последниот е спроведен пред дваесеттина години.

Законот пред пратениците, претходно го образложи заменик-министерот за правда Агим Нухиу. Тој појасни дека во рамки на оваа статистичка операција ќе можат да се попишат државјани на Република Северна Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во земјава, без разлика дали во моментот на пописот се наоѓаат во државата или во странство.

ЦИВИЛ одржа панел „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“, на кој говореа актуелниот директор на Државниотзавод за статистика, Апостол Симовски, поранешниот директор Дончо Герасимовски и Џабир Дерала.

Симовски појасни дека за разлика од претходните години, оваа година ќе има електронски прашалници, на лаптопи и ќе има комуникација со автоматски бази од каде ќе се превземаат податоците и ќе се надополнуваат од терен.

„Ако сте вработени некаде во деловен субјект, ние од три бази ќе имаме податоци, и нема потреба да прашуваме на терен за тоа и нема да го замараме населението со тие податоци. Ова дава голем квалитет на пописот и го крати времето на спроведувањето, и по нас најважното е што дава најбрзо резултати, а сега како што стои во законот треба по 6 месеци да излеземе со податоците“, додаде Симовски.

Според него, ова ќе биде многу поквалитетен сет на собрани податоци и ќе бидат податоци со кои можат да се вршат планирањата, речиси сите подготовки се завршени, останува да се донесе законот кој многу е важен, за да се формираат регионални комисии за спроведување на пописот.

За лицата – државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство податоците од член 10 од овој закон ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати, при што го дава својот ЕМБГ и ЕМБГ на лицето за кое дава податоци во пописот. За лицата-државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе се овозможи и само попишување во периодот од 1 март до 21 април 2020 година на посебна апликација која е достапна на веб страницата на Државниот завод за статистика.

Поранешниот директор на Државниот Завод за статистика, Дончо Герасимовски на панелот „Попис: Помеѓу политиките и статистиките, изјави дека новиот начин на кој ќе се спроведе пописот е новост за државата и дека Државниот завод за статистика се труди да придонесе високи резултати за да се добијат податоци што побрзо.

„Условите и можностите иако активностите Заводот ги започна пред неколку години, сега со пандемијата се успори процесот, но институциите функционираат меѓу себе со координации. Јас сум изненаден што учестувам во тие консулатации и што ќе направивме исчекор од друг систем“, вели Герасимовски.

Герасимовски очекува дека ќе се постигне современо работење и дека брзо ќе се добијат потребните податоци, и дека политиката и партиите треба да се тргнат од пописот и да не се обидуваат да манипулираат со податоците или во процесот на спроведување.

Џабир Дерала од ЦИВИЛ се осврна на политизирањето и национализмот во процесот на пописот.Тој изјави дека повеќе од една деценија имаме политики кои го контаминираат политичкиот дискурс, односно дека не може ни едно прашање да помине, а да не се исполитизира.

„Пописот може многу лесно да се претвори во оружје со кое се дискредитираат политичките противници. Тоа е една од главните поенти на голем дел на политичарите на десничарка групација во земјата и тука имаме ситуација каде етничките односи стануваат главна тема во сите области“, вели Дерала.

Според него, политичката фела го зима во рацете како аргумент за да покаже дека онаа другата страна е попустлива.

„Се работи за калкулација на тие структури кои може и да не ја постигнат својата целона атмосфера во која граѓаните имаат се помалку доверба во институциите, едноставно креирање на теории на заговор е доволно добар резултат за нив, бидејќи ќе се вклопи во нивната стратегија и во која профитот секако го извлекуваат малкумина во тие структури“, вели Дерала.

Во однос на пропаднатиот попис пред 9 години, Дерала вели дека има кампањи и ситуации од тогаш за кои никогаш не одговарал никој за истите.

Последниот попис во нашата земја се спроведе во 2002 година, а во 2012 имаше обид за попис, но беше прекинат заради несогласување помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Следниот попис е најавен за 1 април 2021 година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика. Се очекува податоците да бидат готови за шест месеци.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ