• Latest

Продолжувањето на кризната состојба пред пратениците

December 14, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Продолжувањето на кризната состојба пред пратениците

December 14, 2020 09:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог одлуката на Владата со која треба да се овозможи продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на државава до 30 јуни следната година, е меѓу точките на дневен ред на денешната 25. седница на Собранието на Република Северна Македонија.

Со  одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.

Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението е најмногу до 30 дена.

Владата на седницата на 1 декември  го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ја утврди потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни следната година. По стапувањето во сила на тековната кризна состојба беше овозможено дел од припадниците на Армијата да се вклучат во физичко обезбедување на ковид центрите, според Предлогот изработен од Главниот штаб за управување со кризи. Министерствата за здравство, за внатрешни работи, за одбрана, Армијата , Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, пак, беа задолжени да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Според предложениот дневен ред, прва точка за која треба да се расправа на седницата е Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. Пред пратениците се и Предлог на закон за дополнување на Законот за социјалната заштита, Предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски табици на територијата на Република Северна Македонија, по скратена  постапка, Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, сите по скратена постапка.

Дел од дневниот ред означени со европско знаменце, пак, се Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање, Дополнет предлог на закон за општа безбедност на производите, во второ читање, Дополнет предлог на закон за фитофармација, двата во второ читање.

Законодавниот дом во рамки на 25. седница треба да расправа и за Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за домување, како и за дополнетите предлог закони за изменување и дополнување на законите за железнички систем и за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.

По скратена постапка, и како последна точка е поставен Предлог законот за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците./МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ